
Мажите обично немаат доволно храброст директно и отворено да кажат дека не сакаат озбилна врска.
Наместо тоа очекуваат сами да разберете.
Можеби веќе ги слушате свадбените ѕвончиња и сонувате за заеднички живот. Пред да се препуштите на чувствата, размислете дали и тој ги сака истите работи. Доколку се однесува вака, за него сте само една минлива приказна.
Неколку дена не ви одговара на пораката
Доволно е само неколку минути да ви одговори на пораката или повикот, а сепак тој не се јавува неколку дена. Тишината е најјасен знак кој може да ви го испрати.
Не ви кажува многу за неговиот живот
Освен забава и провод не ги дели другите работи со тебе. Малку зборува за себе,не ги знаеш неговите пријатели и семејството. Време е да се запрашаш зошто?
Избегнува бакнување и држење за раце во јавност
Ви представува утеха дека можеби е срамежлив или конзервативен. Малку невероватно. Попрво ќе биде дека големото ѕвонче за тревога е вклучено. Запрашајте се зошто не сака луѓето да ве видат заедно и уште поважно, зошто вие се согласувате на таква врска?
Ја отфрлува секоја ваша идеја
Секој ваш предлог за состанок или заедничка активност е одбиена. Изгледа дека освен една работа ништо друго не сака да прави со вас.
Се гледате само после полноќ
Тешко ви е да си признаете себе си дека за него сте само минлива забара, но ако се гледате само во текот на ноќта и тоа во вашиот или неговиот стан тогаш многу работи се јасни. Што побргу го сватите тоа и продолжите понатака, ќе ви биде многу полесно.
Не дозволува вашите работи да ги оставите во неговиот стан
Сте ја заборавиле маичката или четката за заби во неговиот стан, а тој веќе утредента се уредно спакувано ви го враќа. Дечко кој е заљубен во ваш, вашите ситници не би му сметале.
Избегнува разговори за идно време
Секоја реченица за идно време го прекинува разговорот. Тој едноставно не сака да зборува и да прави планови за иднината.
Често исчезнува на неколку дена
Ако исчезне на неколку дена без објаснување и притоа не ви се јави, очигледно е дека не се грижи за вас и вашите чувства.
Не му смета да се гледате со други
Ако до сега не сте разбрале, ова е сигурен знак дека со вас сака само забава и ништо повеќе. Тоа нема да се смени, зошто тогаш губите време? Ниеден дечко не вреди за тоа. Додека ги губите деновите со некој на кого не му се допаѓате и кој не ве цени, може ќе ја испуштите вистинската љубов.