Вистинските причини поради кои мажите раскинуваат

Pricini Prekid

Кога не се кријат зад нејасните изговори, мажите се спремни да објаснат поради што најчесто ги оставаат своите партнерки.

Луѓето се различни и секоја врска е различна. Сепак, некои причини поради кои мажите ги оставаат своите партнерки често се повторуваат.

Доколку се однесувате вака бидете спремни на промени или ќе останете сами.

Не го слушате
Дајте му шанса да зборува. Можеби не е во право, но сеедно слушнете го неговото мислење. Мажите не остануваат долго во врска со девојка која размислува наместо него.

Другарки кои се мешаат во твојата врска
Разбирливо е да имаш пријатели и да ги слушаш нивните совети. Меѓутоа, ако дозволиш тие да се мешаат во вашата врска и да носат одлуки наместо вас, многу бргу ќе останеш сама, бидејќи никој не го толерира тоа.

Не стои на закачалка
Мажите не сакаат да ги третирате како чадор кој е закачен на закачалка и спремен да го носите кај и да тргнете, кога вие ќе посакате. Тој не сака да иде секаде со вас и исто така не очекува ни вие да идете секаде со него. Почитувајте го неговото време, но ценете го и вашето.

Врската станува затвор
Каде беше до сега? Што правеше? Кога доаѓаш? Кој може да поднесе такво испрашување секој ден. Ако вашата врска стане затвор, а вие се однесувате како чуварот, би требало да знаете дека секој затвореник порано или подоцна сака да избега.

Ја загрозувате неговата независност
Секоја нормална врска е однос помеѓу две независни личности. Не ја загрозувајте неговата слобода, тоа нема да го трпи. Исто така, мажите сакаат кога на нив се потпирате, но ни со тоа не претерувајте. Партнерката која ниедна одлука не може да ја донесе самостално е уште една причина да избега.

Постојано префрлувате
Критика, критика и само критика... Дали знаете да го пофалите? Ако поголемиот дел од вашето заедничко време се сведува на префрлување и караници, тогаш вашиот партнер прави херојски подвиг. Сепак и тој на крај ќе се измори и ќе одлучи да побара девојка во чиј речник постојат и комплименти.

Живеете во минатото
Човечки е да се греши. Ако сте спремни да ги простите грешките бидете спремни и да ги заборавите. Постојаното префрлање и потсетување на погрешните потези не ја води вашата врска во иднина.
 

 


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 14 °C
Охрид 12 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport