
Новите истражувања ја покажаа директната врска помеѓу оралниот секс и појавата на рак на грлото.
Оралниот секс може да биде карактеризиран како ризично однесување кое не е ништо подобро од пушење на цигарите, барем кога станува збор за здравјето. Новите истражувања утврдија дека оралниот секс може да предизвика во повеќе случаи рак на грлото кај мажите одколку пушењето, а се поради пренесувањето на Хуманиот папилома вирус(ХПВ).
Во 2004 година ХПВ е причина за 2,6 случаи на рак на грлото од 100 000 жители, во споредба со 0,8 случаи на 100 000 жители во 1998 година. Ако се продолжи вака, до 2020 година ХПВ ќе биде најчестата причина за рак на грлото кај мажите и жените одколку што ќе има случаи на рак на матката.
Поради што е зголемен бројот на заболените? Поради тоа што се повеќе луѓе имаат орален секс. Истражувачите кажале за Њујорк Тајмс дека младите луѓе повеќе имаат орален секс, поради тоа што мислат дека е посигурен кога станува збор за инфекции од сексуалниот однос.
Покрај зголемувањето на свеста кај народот за ризиците во врска со оралниот секс, можеби постои друго решение кое е веќе на располагање. ХПВ вакцина која моментално се препорачува за девојките, би можела веројатно да спречи рак на грлото кај мажите. Компаниите кои ја произведуваат вакцината ќе мора да ја тестираат посебно за таа намена, а по тоа здравствените работници ќе мора да ги убедат родителите да ги вакцинираат своите деца против ХПВ.
Но можеби ќе биде полесно да се убедат тие, одколку родителите на женските деца, на кои и понатака им е потребно многу докази за да ги заштитат своите ќерки од сексуално преносливите болести, поради модерното друштво кое и ден-денес нема исто гледиште на машките и женските сексуалности.