
Жените имаат посебен талент за да си го искомплицираат животот.
Обично наједноставно решение е тоа вистинското. Поради тоа, ако сакате да знаете што мажите мислат за врските само сослушајте ги. Така ќе ја избегнете драмата и часовите изгубени на анализа со другарките. Кога еднаш ќе се соочите со вистина и ќе ја прифатите животот ќе ви биде полесен.
Не ви се јавил поради тоа што не сте му се допаднале
Не ви пратил порака, не ви се јавил, а вие се уште се прашувате. Зошто? Одговорот е суров но вистинит, Едноставно, не сте му се допаднале доволно. Прифатете ја вистината и престанете да го губите времето залудно.
Мажите сакаат да го направат првиот чекот
Без оглед на тоа, што кажуваат дека не им смета кога девојка ќе го направи првиот чекор, мажите сепак повеќе сакаат тоа тие да го направат. Во нивната природа е да ловат и да освојуваат, па во тоа најмногу уживаат.
Ако повеќе излегувате не значи дека ќе го најдете вистинскиот.
Лудување во клубовите до зори не е рецепт за наоѓање на вистинската љубов. Вистина, принцот нема да ви тропне на врата, но вистинскиот маж може да го сретнете на работа, во прошетка, на изложба, концерт...Запомнете дека квалитетот има предност над квантитетот. Не мора да излегувате секоја вечер.
Врските ретко започнуваат со секс
Ако сакате озбилна врска, прескокнете ја првата вечер и уште неколку наредни. Доколку побрзате со сексот би можел да помисли дека идете во кревет со секое машко кое го запознавате. Тоа е и одличен начин да го тестирате. Ако доволно му се допаѓате ќе биде спремен да почека.
Тој нема да се смени
Мажите со кои ќе излезете првиот пат е истиот со кој ќе излегувате и следните три или девет месеци. Нема да успеете да го смените, така да ако веднаш ги приметите особините кои не ви се допаѓаат не започнувајте озбилна врска.
Самодовербата е поважна од изгледот
Убав фустан, секси шминка, заводлива фризура... Ништо од тоа нема да ви помогне ако ви недостига самодоверба.