
Можеби веќе сте почнале да очајувате затоа што сте сами, но не дозволувајте тоа другите да го приметат.
Да ги избегнете коментарите и оговарањата позади ваш грб како сте паднати во очај поради тоа што немате партнер, обрнете внимание на однесувањето кое може да ве издаде.
Се шегувате на своја сметка
Убаво е да се шегувате на своја сметка, но запомнете дека тоа е вид на одбранбен механизам и ја открива вашата несигурност. Поради тоа не претерувајте со шалите како што е: ''Уште една ноќ ќе ја минам во кревет, но со својата мачка''...
Ја лечите осаменоста со алкохол
Неколку чашки може да ви помогнат да се опуштите и да ви се зголеми довербата. Меѓутоа, опивањето за да се ослободите и заборавете на фактот дека сте сами е еден вид на несигурност.
Ги давите сите околу вас
На забава сте и ви се приближува згоден дечко. Започнувате разговор, а вие не сакате да се оделите од него. Кажете му дека мора да одите до тоалет или до кај другарката. Патем, застанете и поразговарајте со пријателите. Пуштете го нека ве чека некое време.
Го замарате со многу пораки
Сте решиле да превземете иницијатива и праќате порака на дечкото кој сте го запознале неодамна. Ако не ви одговори одма, пратете му уште една, али само една порака! Можеби бил зафатен, па не можел одма да одговори или не приметил дека му пристигнала порака. Ако и по таа порака не се јави, откажете се.
Постојано се жалите дека сте сами
Има денови кога ви е тешко и кога ја губите секоја надеж дека ќе се појави некој со кој ќе имате успешна врска. Тоа е нормално. Меѓутоа, не е нормално секојднено да се жалите на пријателките за тоа. Наместо тоа релаксирајте се и уживајте во слободата.