
Шефот ве затекнал како се буткате под маса со "колегата"? Родителите ги слушнале вашите експлицитни телефонски разговори со дечкото? Радознала пријателка налетала додека сте се "поздравуале" со дечкото во кола пред влезот на зграда? Вашето дете влеголо во собата додека сте воделе љубов со вашиот маж?
Ваквите ситуации не се научна фантастика. Скоро секоја личност еднаш во животот може да се соочи со непријатен момент кој со задоволство би го избришал од меморијата на сите вмешани.
"Не мислете на лошите моменти во вашиот сексуален живот, само радувајте се и чувајте го вашиот партнер. Вашата способност да се справите со непријатните ситуации ја одржува силата на вашиот однос, за тоа колку се разбирате, колку сте опуштени и колку сте емоционално поврзани. Довербата е најголемиот афродизијак и возбудување кое може да трае доживотно", објаснува Рену Раи, психијатар.
Ова е список на најчудни сексуални ситуации и начини на кои можете да избегнете да бидете фатени на дело...
Родителите пристигнале порано дома - Кога се обидувате да го "запалите" вашиот партнер во куќата на вашите родители со секси музика, топла бања, свеќи и мириси, немојте да се зачудите ако "некој" ви упадне на врата на сред работа.
Експертот кажува: Нормално е за младите љубовници да се впуштаат во такви активности во жарот на страста. Меѓутоа ако сте фатени, тешко е да се свари почетниот шок. Она што е најважно да имате во предвид е тоа дека вашите родители го доживуват истиот вид на разочарување како и вие. Затоа разговарајте со семејството на слободен и искрен начин, На почетокот ќе има многу гнев, но вашата упорност ќе се исплати.
Тато го слушнал вашиот телефонски секс - Сте мислеле дека сите дома спијат и дека е во ред да му се јавите на дечкото и да му раскажете што се би му правеле да е пред вас. За жал вашиот татко избрал погрешен момент да стане по една чаша вода.
Експертот кажува: Телефонскиот секс може да биде многу возбудлив, но во исто време сте и ранливи. не станува збор само за родитлите туку и за достоинството. Дечкото/девојката со која разговарате може да го снима разговорот и да го испрати на пријателите. Значи, би било подобро прво да размислите пред да направите такво нешто.
Сестрата ве фатила на дело - Родителите не се дома, сестра ви нешто се мотка по куќа, сте ја заклучиле собата и сте се препуштиле на мазење. Но вратата не била толку добро затворена како што сте мислеле и вашата сестра упаѓа во најнезгодниот момент. Нормално, таа веднаш излегува од собата како попарена но кратко потоа почнува да ве уценува во замена за нејзиното молчење.
Експертот кажува: Ако вашиот брат или сестра некогаш ве фати на дело, најдобрата работа е да одите кај нив и да им се доверите. Тие можат да бидат личностите на кои можете се да им кажете. Извинете се и прифатете дека тоа било грешка. На крајот, тие можат да станат вашиот најдобар пријател, никогаш не се знае. Можеби баш ваква незгода ќе ве спаси од некои катастрофални врски.
Вашата стриптиз снимка ја виделе неговите родители - Сте се снимале додека сте биле сами, и ве замолил само за неговите очи да го снима вашето тело. Сте се согласиле, но не сте ни претпоставуале дека поради некој итен случај неговиот телефон ќе го земат неговите родители. И дека ќе имаат што да видат.
Експертот кажува: Како прво, секси снимките никогаш не треба да бидат направени со мобилен телефон. Возбудувањето нема да трае долго, а самиот чин дефинитивно ќе биде расипан.
Вашиот шеф влегува во канцеларија додека сте под биро - Имате минлива афера со колешката (која, притоа, е негова љубовница). Додека се мазите на бирото и под бирото на шефот, истиот кој би требало да биде на пат ви тропа на врата. Залудни се зборовите единствено што можете да очекувате е отказ наредниот ден.
Експертот кажува: Забавувањето со љубовницата на шефот е многу лоша идеа, па дури и ако барате возбудување на сметка на вашиот шеф. Тука не е проблемот само повредена суета, тука е и вашиот углед и угледот на фирмата. Ако сакате да покажете дека сте калиф а не калифа, уживајте во неговата љубовница што подалеку од канцеларијата.
Соседите набавиле телескоп - Но не за да ги гледат ѕвездите. Не сте знаеле дека сте надгледувани, и тоа не од еден, туку од цела група на соседи се додека не почнале сакркастично да ви се смешкаат и да шепкаат кога ќе поминете покрај нив.
Експертот кажува: Нормално е луѓето денес повеќе да се заинтересирани за тоа што се случува во животот на другите отколку во нивниот, за да имаат муниција за сочни тречеви. Ако сте опкружени со воајери, максимално заштитете се со дебели завеси. Обидете се да ја запознаете околината и да одржувате пријателски односи со соседите. Ако некои луѓе и понатаму ви создаваат проблеми, викнете полиција. Неколку посети од униформираните лица може да ги одврати од понатамошно малтретирање.