
Нови интимни игри, кои ви ги предлагаме, ќе го остават вашиот партнер без здив.
Ако сакате вашиот маж или долгогодишен партнер повторно да се заљуби во вас, пуштете ја фантазијата на желбите и старите страсти повторно ќе се распламти. За почеток, може да се потпрете на нашите предлози кои сигурно ќе ви помогнат за повторно да се зближите.
Облечете се провокативно
Мажите сакаат визуелна стимулација. Искористете го тоа и облечете нешто што може да го возбуди вашиот партнер, на пример кожни панталони, мини здолниште или провокативна долна облека. Дозволено е се што ви се допаѓа и на двајцата. Важно е да му дадете доволно време да ви се восхитува од сите страни, па тогаш полека пред него да се соблечете.
Љубовен оброк
Нека вашата предигра започне уште од масата, тоа е одличен вовед во понатамошна стрсна игра. Спремете лесна вечера и аранжирајте ја само за двајца. За ова љубовно мени најдобри се мали и лесни порции со прилози како што е ананас, шпагети, кари или школки, поради тоа што производите поттикнуваат размена на материи и ја будат желбата за секс.
Заменете ги улогите
Колку и да сте во брак или врска, секогаш може да приредите неочекувано изненадување на партнерот. Договорете се со него да се најдете во некое кафуле, бар или клуб и правете се дека не го познавате. Ваквата игра одлично ќе делува и на вас и на вашата посилна половина. Кога доволно ќе ја загреете атмосферата тргнете дома и продолжете со играта.
Запалете го со коцки лед
Кожата е најчувствителниот орган и таа треба да се искористи во вашите страсни опивања. Вистинско доживување за сетилата на вашиот партнер е играта со коцки лед. Милувајте го партнерот по градите со коцки лед или неизменично ставајте му топли и ладни капки вода. Бидете внимателни и ќе го разбудите во него вистинскиот вулкан. Исто така пробајте го и стариот трик со усните и цицајте ја коцката лед, а тогаш бакнувајте го по целото тело. Тоа ќе делува возбудливо, поради тоа што партнерот ќе почувствува допир со ладни усни.
Масажата опушта
Масажата истовремено делува релаксирачки, но таа е добра и како предигра, посебно ако користите миризливо масло. Мирисот како што е ванила или мошус во комбинација со допири делува исклучително еротски. А ќе направите вистински погодок ако во тек на масажата случајно ги допрете градите. После тоа заменете ги местата и нека тој вас ве масира со масло.
Врела игра со прсти
Играта со прсти е посебна игра, која подеднакво ги возбудува и вашиот партнер и вас. За почеток посветете се интензивно на неговите прсти, така што секој негов прст еднакво ќе го ставате во уста и нежно ќе го бакнувате. Тоа лудо ќе ја загрее неговата фантазија, поради тоа што секое машко сонува за еротска игра со прсти.
Расправија како предигра
Верувале или не, конструктивна караница, исто така, може да послужи како врела предигра. Точно во моментот кога вашата расправија се разгорува изненадете го партнерот со бакнеж. Прихолозите на Универзитетот во Бостон тврдат дека жените кои не се двоумат да се соочат со партнерот живеат подолго од оние жени кои бегаат од расправии.