Што ве привлекува кај партнерот, а што не?

Osobini Na Partnerot

Што е тоа што ги воодушевува жените а што мажите кога станува збор за партнерот. Науката и понатаму е малку збунета, но има неколку насоки кои успеал да ги извлече Стајлист.

Што ве привлекува?


Долги раце- Според истражувањата, најважна карактеристика кај жените е должината на рацете. Дури и долгите раце, на мажите им се поважни и од  долгите нозе.

Лузни- Поради лузните на лицето многу жени подлегнуваат, поради тоа што ги доживуваат како храбри, смели и мажествени. За жал, не влијаат на желбата за озбилна врска, па затоа ќе мора малку повеќе да се потрудите.

Полни усни- Жени со полни усни и кармин се привлечни на мажите.  Истражувањата докажаа дека, кога на мажите им покажете фотографија од жена, погледот обавезно им иде на усните. Доколку жената има усни со кармин, мажите ги гледаат во просек седум секунди, 0,95 секунди одвојуваат на очите, а 0,85 за косата.

Длабок глас- Жените потешко ги забораваат мажите со длабок глас, со оглед на тоа што најмногу се потпираме на сеќавањето, научниците веруваат дека ова е еволутивна особина. Заклучок- мажите со длабок глас се посакувани.

Црвена облека- И двата пола се согласуваат во тоа дека луѓето кои носат црвено се привлечни и посакувани. Според истражувањата за тоа е заслужна еволуцијата- женката павијан и шимпанзите црвенеат пред овулација.

Што ве одбива?


Плава коса- И покрај сите плавокоси секси бомби од малите и големите екрани, новото истражување покажа дека мажите повеќе ги сакаат црнките и бринетите. Кога е спроведена анкетата, дури 60% од испитаниците избрале темна коса како своја омилена карактеристика кај евентуалната партнерка, додека само 29,5% гласале за плави.

Машкоста-На дамите од Запад им се попривлечни мажите со полни усни и правилни вилици. Научниците мислат дека тоа е страв на цивилизацијата,поради тоа што за квалитетен и сигурен живот не мора да се потпираат на силата на својот партнер.

Среќа- Од канадскиот универзитет стигнало интересно откритие, дека на жените насмеаните и среќните мажи им се помалку привлечну одколку гордите и моќните.
- Испитаниците не ги прашавме дали тие мажи би биле подобри партнери туку само сакавме да слушнеме искрена реакција на сексуалната привлечност.- кажал еден од авторите на истражувањето.

Хумор
-Во ова и двата пола се сложни, жените мислат дека мажите се посекси ако имаат смисла за хумор, додека мажите мислат дека тие би требало да имаат многу вицеви и шеги во ракавот. Неверојатно е тоа што се покажало дека мажите ги плашат жени кои имаат смисла за хумор.


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 14 °C
Охрид 12 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport