
Секоја трета слободна личност признава дека попрво би запознала перспективен/а партнер/ка на интернет одколку на некое друго место.
По се изгледа дека лошата репутација на друштвените мрежи станува минато и интернетот нема да се смета за табу место за стекнувања на нови пријателства.
Само еден од шест Британци повеќе сакаат да се запознаваат во бар, а секој 12-ти во ноќен клуб.
3 од 5 личности се забавувале или сеуште се забавуваат со личност што ја запознале преку интернет, а дури 84% изјавиле дека сакаат да запознаат некој со кој ќе четуваат онлајн.
Овие податоци покажуваат дека интернетот ги надминува сите традиционални места за собирање и дружење.
"Се повеќе луѓе ја здогледуваат предноста на онлајн состаноците. Животот денес е многу забрзан и во баровите одиме за да се дружиме со своите пријатели и тоа драгоцено време несакаме да го трошиме за запознавање на нови луѓе" тврди Џесика Повел, маркетинг-директор на една од друштвените страни.