Три грешки кои жените ги прават во кревет

Greski Vo Krevet

На кој не му е потребно малку да стави 'зачин' во случувањата во својата спална соба од време на време? Го сакате својот партнер и претпоставувате дека тој ќе ја превземе иницијативата во сексот, така за на крајот да бидете среќни и задоволни, зар не? Сепак немој да брзате, поради тоа што грешката може да е и кај вас.

Дали некогаш сте размислиле за тоа која е вашата улога, или што би можеле да направите за да се појави вриење на страстите? Познатиот секс експертот и семеен терапевт Д-р Џејн Грир открива дека жените обично прават три грешки во спалната соба.

Грешка 1- Широка облека
Знаеме дека поголемиот дел од жените преферира да биде во своите удобни пижами и широки маици во кои се чувствува пријатно. Меѓутоа, треба да знаете дека најбрзиот начин да ја уништите желбата за секс кај својот партнер е токму вашата облека, која на машкото око не е нималку секси. Значи, ако сакате да ги 'зачините' работите во вашиот љубовен живот, исфрелете ја таа удобна облека и пронајдете секси градник и убава спаваќа. Нека тоа биде нешто во кое ќе изгледате не само слабо и секси, туку и да се чувствувате пријатно. Дури тогаш сте на сигурен пат да го возбудите својот партнер.

Грешка 2- Не преземате иницијатива
Не чекајте официјално барање, што значи дека мора да ја преземете водечката улога. Не мора да чекате партнерот да ве замоли да водите љубов со него. Вклучете се, преземете ја водечката улога и однесете го во кревет со вас. И двајцата ќе имате многу забава и уживање еден со друг.

Грешка 3-  Критика
Би требало да ги избегнувате по секоја цена. Ништо друго нема да влијае негативно на желбата на партнерот за секс како што ќе влијае тоа кога му кажувате што не ви се допаѓа и што сакате да ви прави. Во оваа смисла негацијата е голем убиец на сексуалната желба. Од друга страна, тоа што ќе ви биде апсолутен стимуланс за него е ако суптилно му дадете до знаење што и како може и треба да направи, за да ве возбуди повеќе и на крај да ве задоволи.

Значи, кажете му што сакате, носете ја вашата секси долна облека и најважно од се преземете иницијатива, така може да добиете задоволство кое го заслужувате!


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 17 °C
Охрид 15 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport