Сексуални фантазии, време е да им се препуштите

Seksualni Fantazii

Сексуалните фантазии се потполно вообичаен и здрав начин за истражување на нашата сексуалност и постигнување на возбуда. Апсолутно не треба да се срамите до своите фантазии. Напротив, уживајте во нив, истражувајте и слободно препуштете им се!

Сексуалните фантазии се одлична можност за остварување на најискрените сексуални желби во сигурна интимна фантазија. истовремено и одреден тип на вежба, која е добро сокриена од очите и ушите на непожелните љубопитници. Наспроти тоа многумина се плашат од нив и се срамат.

Сексуалните фантазии се нормални

Што е всушност тоа што на фантазиите им дава негативен тон и поради што некои се плашат и се грижат поради нив? Некои фантазии се замислени како расипани мисли, идеи и чувства, кои не би требало да ги имаме ако сме нормални. Многумина освен срам поради фантазиите ги прати и тешко чувство на вина, бидејќи тие чувствуваат дека со нив го издаваат дури и го изневеруваат својот партнер.
Поради тоа чувство на вина може да дојде до проблеми меѓу партнерите.

Секс во глава

Експертите не се единствени во мислењето дека фантазиите не би требало да будат никакви негативни чувства. Освен тоа, тврдат дека во нив треба да уживаме, да им се  препуштиме, да истражуваме и што е најважно, би морале конечно да разбереме дека мозокот е најважен сексуален орган! Мозокот имено ги насочува нашите чувства. Мозокот е тој поради кого се возбудуваме или поради кого не се возбудуваме. Не смееме да заборавиме дека од мозокот доаѓаат сите сексуални импулси, па поради тоа фантазиите би можеле да бидат одлична основа за сексуално возбудување и никако не смееме да се плашиме.

Фантазиите е еден вид на дневно сонување, кое може да се управуваат, насочуваат до мила волја да им се препуштиме. Освен тоа тие се сигурни и не штетат на никого. Ако за нешто фантазираме, тоа не значи дека ќе го оствариме. Ги прифаќаме своите фантазии.

Само вашите или во двојка

Вистината за фантазиите е таа, дека повеќето поединци многу бргу би биле на мета на многумина, ако би имале можност своите најдлабоки фантазии да ги реализираат. Упатете се на чудесно патување низ светот на сексуалните фантазии и внесете свежи идеи во реалниот сексуален живот. Фантазиите се едни од ретките потполно лични домени на секој поединец. Искористете ја привилегијата и уживајте во неа.


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 17 °C
Охрид 15 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport