Трикови со помош на кои ќе ви ги исполни желбите

Trikovi Zelbi

Сексот е најдобар облик на манипулација, но овој пат станува збор за комуникација...
Мажите се едноставни и со нив е лесно, само ако на вистински начин му го кажете тоа што го сакате. Воинствената и љубовната стратегија се слични, така што во три вистински чекори може да освоите територија или во овој случај да добиете што сакате.

Определете ги целите


Без разлика дали се работи за излез, заеднички живот или можеби брак, првиот чекор е тоа, добро да размислите дали тоа навистина го сакате или тоа е само еден од вашите моментални желби. Ако се предомислувате нема да ве земе за озбилно ни тогаш кога ќе бидете навистина одлучни.

Тргнете во напад


Тој сигурно не може да ги прочита вашите мисли. Затоа избегнувајте ги сите оние начини кога дискретно, без зборови го одвлекувате вниманието на своите желби, бидејќи мажите не се талентирани за толкување на малите детали. Единствен сигурен начин за вашата порака да стигне до него е јасно да му кажете.

Тактиката е пресудна


Одберете го вистинскиот момент, кога е најдобро расположен и кажете му ги вашите желби. Соберете трпение и бидете слатки, чувствителни и мили. Избегнувајте дрзок и заповеден тон, дури и ако не се сложува во првиот миг. Наместо тоа подобро да му оставите малку време да размисли, а тогаш да го изненадите со убав гест. Тоа ќе ви помогне полесно да донесете одлука, се разбира, во ваша корист.

Упорно но паметно


Доколку се помирите со фактот дека тој тоа не го сака и се откажете, ќе погрешите, ако инсистирате повторно ќе погрешите. Што да направите? Бидете мудри, ако ја добил битката не значи дека вие сте ја изгубиле војната. Повлечете се некое време за подобро да ги развиете стратегиите и да смислите нов план за напад. Инсистирање без предходна тактика и голема количина на трпение попрво ќе доведе до расправија одколку до остварување на желбите. Пробајте повторно и нападнете со најако оружје, најголема количина на внимание која може да му ја дадете.

Бело знаме


Секој голем воен лидер знае во кое време да се предате. Ако ниеден ваш обид не дава резултати, можеби е време да се откажете, но не од своите желби, туку од тој маж. Бидејќи, ако подобро размислите, што ќе ви е партнер кој не се грижи за тоа што го сакате.


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 17 °C
Охрид 15 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport