
Мажите и жените кои лесно се срамат, се подоверливи и великодушни и посклони на моногамија од луѓето кои тешко можат за се засрамат, открива истражувањето извршено од Универзитетот Беркли во Калифорнија.
Покрај тоа, луѓето кои лесно се засрамуваат се и подоверливи деловни партнери и се подготвени за соработка. Тие луѓе се посакувани во друштвото.
"Срамот е емотивен потпис на човекот кој може да му довери вредни ресурси. Тој во друштвото поттикнува доверба и соработка во секојдневниот живот" истакнува ко-авторот на студијата и социјалниот психолог Роб Вилер.
Умереното ниво на срам е знак за доблест, тврди водачот на студијата Метју Феинберг.
Научниците разликуваат умерен срам и социјална неподготвеност која предизвикува болка. Умереното засрамување може да ви помогне и во љубовта, покажува студијата.