Љубомората е последица на страв

Ljubomora

Изјавата, ''Ќе те сакам до краот на животот''- звучи убаво, но сите знаеме дека никој не може апсолутно да гарантира дека тоа навистина ќе биде така. Природата на љубовта е таква што таа секогаш во себе содржи можност да престане. Поради тоа секогаш е придружена со определена доза на страв од престанок на љубовта. Еден вид ваков страв е чувството на љубомора.

Во тој случај стравот од губење на љубовта се конкретизира во идејата дека саканата личност ќе престане да ве сака затоа што засакала некој друг. Љубомората е секогаш поврзана со идејата за тројца луѓе при што третото лице може да биде вистинско или измислено.

Но иако стравот од губење на љубовта е во основа на љубомората, луѓето ретко ја изразуваат љубомората како страв. Тие го прекриваат стравот со разни други емоции и реакции, со кои се обидуваат да ја заштитат врската.

Постојат неколку видови вакви реакции. Кога некој ја изразува љубомората како тага, жал, тогаш и покажува на саканата личност дека му ги повредила чувствата. На овој начин одговорноста за своите чувства ја префрла на друг и кај него го повикува чувството на сожалување и вина, што би требало да направат тој да го промени однесувањето.

Кога некој на љубомората реагира со чувство на лутина, тогаш од партнерот (или ривалот) директно бара да го промени однесувањето за кое смета дека не е фер.

Опасно е кога некој ја изразува љубомората низ чуврство на омраза. Тогаш љубоморното лице мисли дека е жртва на злоба на партнерот или ривалот, што ја активира желбата за одмазда. Тоа може да го заплашува партнерот или ривалот со закани за убиство, а некогаш таа закана може и да ја оствари.


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 17 °C
Охрид 15 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport