
Постојат многу работи, кои кога реално ќе погледнете, воопшто не се секси, а филмовите ги прикажуваат како врвни еротски доживувања.
Секој пар треба да одлучи што е авантура за нив и на кој начин ќе ги оствари своите фантазии, но тоа не би требало да го правите само затоа што сте го виделе на филмовите. Ова се фантазии кои во пракса воопшто не изгледаат како на филм.
Кожна долна облека
Пластична и кожна долна облека делува атрактивно и заводливо на телевизија. Меѓутоа, освен за изглед, таа долна облека не нуди многу. Дури и многу непријатна е за носење. Посебно на жените, кои тоа го прават само за да ги задоволат фантазиите на партнерот, кој дошол до таа идеја со гледање филмови за возрасни во доцните часови.
Нудистичка плажа
Иако поголемиот дел на нудистички плажи се замислуваат како рај по кој шетаат заљубените и голи млади парови, реалноста е потполно поинаква. Овие плажи често се полни со средновековни парови, на кои сексот не им е на ум.

Секс под туш
Дали има нешто поромантично и забавно од водење љубов под топла вода? Епа има, и тоа многу повеќе. Опасно лизгање, уривање на работи кои се наоѓаат во близина на кадата, како што се гелови за туширање, тоалетна хартија, децки играчки.
Секс во авион
Колку пати сте погледнале некој љубовен филм во кој заљубениот пар го користи тоалетот во авионот за возбудлив секс, подобро би ви било тој тип на фантазија да ја оставите на големиот екран. Не само што во кабината се се тресе, туку и толку е мала што едвај има место за една особа во неа да се сврти.