
Фраерите се заљубуваат после неколку недели додека на жените им се потребни месеци, открива новата студија.
Претходните истражувања покажаа дека жените отворено ги изразуваат своите чувства како и во главно први се заљубуваат. Меѓутоа, новата студија на американските научници тврди дека припадниците на посилниот пол во врската први ги кажуваат двата најважни збора.
Професорката Мариса Харисон го објаснува фактот дека мажите често ја изедначуваат љубовта со сексуалната желба, Од друга страна таа желба ги прави жените по несигурни кога е во прашање романтиката.
Во ова истражување заклучиле дека мажите често се заљубуваат во рок од неколку недели, додека поголемиот дел на жените одговориле дека им е потребно неколку месеци да се заљубат.
Професорката Харисон интервјуирала 172 студенти за тоа дали некогаш биле заљубени, како и кога сфатиле дека се заљубени и колку долго чекале партнерот да им изјават љубов. Резултатите покажаа дека мажите побрзо се заљубуваат но и први кажуваат- 'те сакам'.
Резултатите покажуваат дека жените се по прагматични за љубовта, одколку што се мисли.