Љубовта е најдобар афродизијак во долгите врски

Ljubov

Луѓето што се во долгогодишни врски често забележуваат кога се во прашање заеднички сексуални односи, дека постои голема разлика помеѓу сегашната состојба и онаа во почетокот на врската. Едно истражување покажа дека по пет години од врска сексуалната активност се намалува за половина од онаа на почетокот на врската. Дали тоа значи дека долгите врски негативно влијаат врз сексуалноста?

Една од причините за намалената сексуална активност е тоа што луѓето не разбираат дека разни се начините на кои се јавува сексуалната желба на почетокот на врската и подоцна.

На почетокот луѓето озбилно се заљубени така што најважно им е да бидат со партнерот, што прави и само еден поглед на него да ја разбуди сексуалната желба.

Кога две лица се заедно повеќе години, тогаш нивните приоритети се менуваат. Тие не го сметаат за посебен фактот да бидат заедно. Во нивните животи се појавуваат разни улоги што од нив бараат одредена одговорност, а сето тоа придонесува сексуалната желба да не ја чуствуват толку често како на почетокот.

Денес се забележува дека се повеќе мажи во долги врски избегнуват секс со своите партнерки. Една од причините е токму чувството на збунетост што го чувствуваат мажите кои сметаат дека треба да и пријдат на партнерката, а кој не е како претходно сексуално возбуден. Треба да сфати дека заљубеноста буди сексуална желба на еден начин, а љубовта на друг.

Токму љубота ја овозможува сексуалноста во долгите врски. И затоа се вели дека љубовта е најдобар афродизијак


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 17 °C
Охрид 15 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport