Повозрасните жени помераклии за водење љубов

Povozrasni Zeni

И покрај верувањето дека сексуалната желба кај жените се намалува со годините и по менопаузата, новото истражување го покажа сосема спротивното-како што минуваат годините, тие се повеќе се расположени за секс. Имено, резултатите од истражувањето тврдат дека повозрасните жени имаат желба за многу повеќе секс од помладите.

Студијата спроведена на 27 347 жени кои учествувале во истражувањето на '' Woman's helth initiative'' открила дека дури 60% од жените на возраст од 50-59 години се сексуално многу активни, како и 50% од жените на 60-годишна возраст и една третина од жените кои ја минале 70-тата од животот.

Две третини од жените одговориле дека целосно се задоволни од својот сексуален живот, а дури и оние незадоволните изразиле желба за почести сексуални односи, пренесе МИА.

Жените кои за време на истражувањето признале дека се сексуално неактивни како причина го навеле недостигот на партнер, а во позрелите години ниту недостигот на занимање или, пак здравствените проблеми не се причина за избегнување на сексот, се тврди во студијата.

 


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 17 °C
Охрид 15 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport