Разбудете ја страста со најдобрите места за секс

Najdobri Mesta Sex

Дали постојано се жалите дека страста во вашиот сексуален живот е исчезната?

Тогаш што ве сопира да бидете авантуристички и иновативно расположени?

Збогатете го вашиот сексуален живот со помош на оваа листа од 10 „луди“ места за секс... или барем истите нека ве инспирираат да си ја пронајдете својата верзија!

НА КАУЧ

После креветот, каучот во дневната соба моли за внимание. А најдобриот дел е, претерано удобен. Перниците нека ви служат како системска поддршка за полесно вртење во даден правец, а недостатокот на простор ќе ве натера да бидете повеќе „интимни“. Потребна ви е силна акција? Пуштете порно филм и го добивте вашиот мотив за „акција“!

ВО КАДА

Нештата можат да станат многу жешки дури и во ладна када. За ултимативно роматинично доживување, организирајте пена забава со ливчиња од ружи и ароматичен парфем. Додадете неколку свеќи за подобро расположение, прснете неколку капки миризливо масло и бидете сигурни дека сетилниот експеримент ќе ве доведе до супер жежок секс. Внимание: Проверете ја температурата на водата, сепак не би сакале да завршите со болни пликови или како замрзнат љубовник ... Зар не?

ВО КУЈНА

Кујната е сведок на бројни сексуални игри. Цврстите површини и полиците нудат сериозна помош, посебно за стоечки акции, додека чувството на неконвенционално место додава масло на огинот. А како можете да пропуштите вкусни слатки со кои вашата кујна е преполна? Истите можете да ги јадете, но од телото на партнерот. Мислиме на чоколадо, крем, џем и желе! Внимание: Важно е да знаете што јадете бидејќи некоја храна може да предизвика алергија!

ВО БАЗЕН

Иако нема многу од оние кои се привилигирани да имаат еден во својата куќа, но доколку сте еден/на од ретките среќници, искористете го максимум. Искористете ја својата вештина во пливање пред се за некоја подводна лудорија. Внимание: Нема потреба да бидете шампион во пливање, но пред да влезете во вода и започнете забава потребно е барем да знаете пристојно да се оддржувате во вода!

ВО АВТОМОБИЛ

Малку тесно, но удобно. Сексот набрзина на задното седиште може повторно да го запали возбудувањето кое некогаш порано сте го чувствувале. Застанете на некое романтично место, пуштете добра музика и пронајдете омилена поза. Тоа е тоа што е сјајно кај авотмобилите - поради вишокот простор, никако не можете да бидете пасивен набљудувач, ниту пак да користите само една поза, бидејќи во спротивно ќе ве „скинат„ колена и грб. Внимание: Само бидете внимателни каде ќе се паркирате ... не би сакале да ве фатат на дело!


ВО СОБЛЕКУВАЛНА

Што мислите за изненаден наплив на страст во соблекувалната? Звучи опасно, но и возбудливо! Страв од помислата дека ќе бидете фатени само ќе го зголеми адреналинот, додека недостатокот на време ќе ве принуди да го направите тоа што побргу. Внимание: Создавање врева не е дозволено и внимавајте на скриените камери и необичните дупки зад кои може да се кријат воајери.

НА СКАЛИ

Можат да бидат извор на болка, но и извор на задоволство и доказ на авантуристички дух. Исто така можат да бидат одлично решение за парови со голема разлика во висината. Внимание: Не бидете агресивни ако не сакате да заработите грчеви во долниот тел од грбот.

НА ПОКРИВ

Да, тоа може да биде озбилна љубовна игра, нежна месечина, мало ветерче го милува вашето тело... Додајте на тоа свеќи во хартиени ламби и тивка музика. Го имате целиот простор за направите соодветна атмосфера...само напред, истражувајте го нејзиното тело под ѕвезденото небо. Внимание: Важно е да не ви сметаат неколку десетици воајери од околните згради.

ВО ВРЕЌА ЗА СПИЕЊЕ


Ништо не ви носи толку блискост како вреќата за спиење кога во неа наместо една, легнат две лица. Зашто не додадете забава за време на кампување? Наместо нормалната положба, може да се свртите и да имате малку забава од зад грб. Разговарајте со партнерот за своите фантазии. Внимание:  Затворете ја вреќата правилно, не сакате пола од работата да ја направите врз инсекти.

ВО АВИОН

Тоалет е надвор од дофат, но седиштата во бизнис или првата класа не се. Некои авионски компании на долгите линии ги нудат седиштата кои може да се извлечат како кревет. Останатото е на вас. Внимание: Не пробувајте доколку имате фобија од летање со авион.

 


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 17 °C
Охрид 15 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport