
Зошто не можеме без секс? Добро, забавен е, и извор е на невидено задоволство, но има и уште нешто...
Еве зошто треба да уживате во сексот без грижа на совест (и што почесто, нормално). И, само да знаете, ова што следи е врз основа на резултати добиени од научни истражувања.
Сексот може да влијае на стабилизирање на крвниот притисок и го смалува стресот. Истражувањето кои се занимавало со кардиоваскуларното здравје кај жените за кое време е мерено нивото на кортизол, хормон кој се лачи кога сме под стрес, покажало дека жените после сексот во кој уживале со партнерот имаат пониско ниво на кортизол во крвта. Интересно е тоа што, колку и да ни е важно чуството дека "некој е тука за нас" во тешки моменти, самата емоционална подршка не дава толку добри резултати како сексот.
Луѓето кои имат богат сексуален живот поздрави се од оние кои немаат редовни односи. Ако два или повеќе пати во неделата имате секс, имунитетот ви е посилен, па и помали се шансите да добиете некоја настинка или инфекција.
Половина час забава во кревет согорува околу 85 калории. Можеби тоа ви делува незначајно но ... 85 калории по 85 калории... Секс или теретана?? Или уште подобро, секс после теретана.
Сексот е добар за самодовербата. За ова не е потребно објаснување.
За време на сексуалниот однос, и особено, за време на оргазам не преплавуваат бранови од окситоцин. Овој хормон познат е како "хормон на љубовта". Кога расте нивото на окситоцин, опаѓа чуството на вознемиреност и страв, а овој хормон влијае и на интензивното чуство на блискост со партнерот.
Сексот е природен лек против болки. Наместо да посегнете по лековите, опуштете се и уживајте со партнерот, а болката ќе исчезне.
Ако на сето ова го додадеме и фактот дека нема посладок сон од оној кој следи после водењето љубов, не ви преостанува ништо друго освен да се препуштите...