Препознајте ги симптомите на зависниците од љубов

Zavisnik Od Ljubov

Зборот љубов во описот на зависноста од љубов може да не доведе до заблуда. Поточно, зрелата љубов се базира на меѓусебно добро познавање. Тука станува збор за изградување на интимност преку искреноста и делење со друга личност.

Од друга страна, нереалните надежи, драми и барања кај зависниците од љубов, многу бргу ја уништуваат врската. А поради серија на неуспеси и разочарувања, стравот и зависноста од другиот, е меѓу најјаките емоции.

По завршувањето на една романтична врска, љубовниот зависник ќе најде нов партнер/ка само за да не биде сам. Зависниците од љубов можат да станат толку опседнати со врската, за да започнат да ја следат и прогонуваат личноста и да станат насилни. Во некој од случаите може да дојде до згрозување на животот.

Сепак, без оглед колку и да е интензивна, зависноста од љубов не мора да биде толку очигледна. Нашето друштво има интензивна страст кон љубовта за книги, филмови и песни, па тоа го прави многу пожелно.

Тоа на што треба да обрнеме внимание е фактот дека зависноста од љубов вклучува и сериска моногамија, односно серија на љубовни врски кои следат една по друга. Почнуваат со интензивна страст, но завршуваат релативно брзо.

Карактеристики на зависникот од љубов:

-Нема доверба во врската.
-Внатрешен гнев поради недостаток на љубов во детството.
-Депресија.
-Многу ризично однесување.
-Некои други зависности или компулзивно однесување.
-Континуирано разгледување на личните вредности.
-Бес и очај.
-Не ги разликува желбите од потребите.
-Сериска моногамија
-Не ја разликува сексуалната привлечност со љубовта (љубов на прв поглед).
-Интензивна потреба да ги контролира и да им удоволува на другите.
-Доколку не е во врска, дури и кратко време се чувствува безвредно.
-Избегнува отфрлање или напуштање по секоја цена.
-Чувствува дека само врската го прави комплетна личност.
-Тенденција на драма-не разликува интензитет со интмност.
-Ја користи врската за да чувствува еуфорија или за да ја избегне емоционалната болка.
-Дава секс за љубов.


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 17 °C
Охрид 15 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport