
Мажи, ако не сакате да се најдете на црната листа на најлоши љубовници, прочитајте што жените не сакаат во сексот.
Не сме родени сите со знаење и многу работи сеуште може да ги научиме, но некои работи жените никогаш нема да ви ги простат. Прочитајте кои.
Гонзалес
Колку пати е потребно да се повторува колку на жените им е важна предиграта. Сепак, некои мажи тоа никако не го разбираат. Таа сеуште не почнала да ужива во бакнежите, а тој како Гонзалес веќе се соблекол. Можеби ќе добие уште една шанса, но ако се повтори истото сценарио неговата судбина е запечатена.
Господин Зајак
Дали некогаш сте гледале секс на зајаци? Ако сте, тогаш се вие јасно. Господин Зајак мисли дека сексуалниот однос се сведува само на пенетрација, и штом дојде до врвот сексот е завршен.
Емотивен
Има моменти кога на жената не и е до секс, но најлоша работа која мажите тогаш можат да ја направат е да инсистираат, навалуваат и на крај да молат за секс! Жените таквото молење не го сметаат за атрактивно.
Мрзлив
Ако на жените им се потребни часови за да започнат акција, ако мора да го убедат мажот и на крајот да вети дека она ќе биде горе само за да тој ни малку не се потруди, тогаш има работа со мрзлива личност која бргу ќе ја избрка од својот кревет.
Себичен
Жените ги разбираат мажите ако уживаат и спијат после секс, но вртење на другата страна без збор или бакнеж, или грчење истата секунда секоја дама ќе ја полуди.