
Кога јадете солено, обично после тоа сакате нешто благо.
Слично е и во сексот...
Секој вкус ви одговара на поинаков начин,сексот исто така. Еве неколку видови на секс, споредени со вкусовите.
Кој ги имате во изобилство, а за кои сонувате?
Сладок
Спор и сензуален. Сладок секс е удобен и редовен, така ја зголемува интимноста на вашиот однос. Само поради тоа што е спор, не значи дека е досаден. Пробајте различни допири и фокусирајте се на предиграта. Тоа вашите оргазми ќе ги направи поинтензивни.
Солен
Секси шепотење и играчки за возрасните можат да ја запалат искрата со овој тип на однос кој може да стане премногу монотон и обичен.
Зачинет
Ако навистина сакате да го зачините пробајте малку сложени акробации. Во тоа може да ви помогне Кама Сутра. Размислете авантуристички и пробајте да ги глумите страните.
Кисело
Сакате кисели вкусови? Тогаш може да уживате во секс кој вклучува многу фантазија, а ако сте храбри може да испробате и лисици, превези за очи и камшици.
Горчлив
Секс после расправија може да биде помалку горчлив поради емоциите кои му претходеле, но на крајот и многу експлозивен, поради лутината и бесот, фантастична трансформација во дива страст.