
Сексот е уживање за кое не би требало многу да се расправа само треба да се препуштите на страста и чуствата. Но постојат работи за сексот од секој дневниот живот за кои веќе со генерации се збори и се дебатира. Со цел да ве забавуваме и притоа да ве информираме ви претставуваме3 вистини и 5 големи лаги во врска со сексот.
Пенисот е најдобрата алатка за постигнување оргазам кај жената
ЛАГА! За дури 81% од жените кои доживуваат оргазам одговорен е всушност оралниот секс. Во некои сексуални пози жените никако не можат да постигнат оргазам без оглед на големината и техниката на неговиот "алат"
Врвот во сексуалноста жените го постигнуваат на 28 години, а мажите на 18.
ВИСТИНА! Иако постојат исклучоци, нивото на естроген - хормонот кај жената најголемо е во касните 20-ти години од животот, додека нивото на машкиот хормон тестостерон најголемо е во тинејџерските денови.
Во просек мажот може да "издржи" 10 минути пред да доживее оргазам
ЛАГА! Мажите во просек можат да "издржат во сексот околу 5,4 минути пред да доживеат оргазам. Подолго од ова се смета за надпросечно.
Пиењето кафе може да го промени вкусот на спермата
ВИСТИНА! Кафето навистина може да го смени, односно значително да го подобри вкусот на спермата.
Жените не сакаат порно филмови
ЛАГА! На жените им се потребни само неколку минути да гледаат порно филмови за да се возбудат, но за разлика од мажите, на нив повеќе им се повозбудливи воведот и предиграта отколку самиот чин на сексот во филмот.
Сонцето може да го засили сексуалниот нагон кај мажите
ВИСТИНА! Само еден час поминат на сонце може да го засили сексуалниот нагон кај мажите за дури 70%.
Мажите помислуваат на секс секои 7 секунди
ЛАГА! Мажите во просек помислувааат на секс неколку пати дневно, во зависност од ситуацијата во која се наоѓаат.
Сексот во бракот станува полош
ЛАГА! Брачните парови многи повеќе се задоволни во сексуалниот живот од оние кои не се во врска. Освен што се многу послободни и знаат што ги задоволува, паровите во брак многу почесто водат љубов.