
На листата на најголеми заводници се наоѓаат мажите кои имале по неколку стотици жени. Меѓу нив се наоѓаат владетели, поети, војсководци, авантуристи, па и "обични смртници" кои имале жени насекаде во светот.
Кралот Соломон
Тој владеел во минатото кога било дозволено мажите да имаат повеќе жени. Него жените го обожавале. Неговиот син Давид имал околу 700 жени. Браковите биле склучувани од политички причини, а жените меѓу себе се однесувале како странци.
Кралот ги фасцинирал со тоа што кон нив се однесувал со големо почитување. Според легендата, после една ноќ помината со него во постела, секоја девојка ја "губела главата" по Соломон, а тој најмногу им давал комплименти и убави зборови, но не и поклони. Тој им давал многу слобода, дури им дозволувал да ја исповедаат својата вера и да градат храмови посветени на божествата во земјите од кои доаѓаат.
И кралицата од Шева, најубавата жена во тоа време, штом го запознала се вљубила во него и го ставила кралството, богатството и моќта за да биде со него.
Казанова
Џакомо Џироламо Казанова од Венеција бил шармантен и неодолив за жените, па неговото име и денес е синоним за големи заводници. Во своите мемоари наведува дека спиел со неколку илјади жени, но историчарите успеале да идентификуваат само 116.
Казанова животот го поминал во сензуални задоволства и насекаде кажувал дека омилена храна му е - жена. "Спевијалност" му биле сопругите, вереничките и ќерките на свештениците, кралското семејство и на неговите многубрјни пријатели, а толку бил шармантен што можел да ги наговори мајката и ќерката истовремено да му се придружат во креветот.
Секоја жена во неговата постела се чувствувала посебна. Тој сакал да им приредува изненадувања и за сиромашните изнајмувал кралски апартман, богатите и дрските ги "симнувал на земја".
Тој бил многу имтелигентен, свирел виолина и пеел со мелодичен глас, постојано барал промени, непрекинато шетал по светот, се занимавал со глума, заработивал како преварант, коцкар, свештеник, макро...
Распучин
Григориј Јефимовиќ Распучин е роден во Сибир и е една од најконтроверзните личности од 20-тиот век. Тогашните извори кажуваат дека тој бил голем хедонист и љубовник, ги сакал сите жени било да се тоа од кралското семејство или проститутки и во текот на животот имал неколку стотици љубовници. Тој претерувал со храната, алкохолот и сексот.
Наводно на скромните невини девојки им зимал прамен од косата, а после неговата смрт во неговата куќа се пронајдени неколку десетици прамени.
Лорд Бајрон
Познатиот Англиски поет Бајрон имал голем успех со жените, не само поради очигледната убавина, туку поради тоа што бил окарактеризиран како "лошо момче". Тојсе препуштал на магијата на дивиот живот се до својата рана смрт на 36 години. Тој починал од маларија.
Тој бил голем бунтовник, имал слободно размислување за тогашното конзервативно друштво и подеднакво ги фасцинирал мажите и жените, богатите и сиромашните. Тој постојано патувал низ Европа, а во Рим напишал поема базирана на прочуениот лик Дон Жуан кој бил негов идол поради постигнатите сексуални успеси. Тој подеднакво ги сакал жените и мажите и бил окарактеризиран како бисексуалец.
Тој повеќе се опуштал со мажите, додека кон жените се однесувла со мала доза на непочитување.
Габриеле д'Анунцио
Тој е италијански поет, романописец и политичар. Поради него биле уништени неколку десетици бракови, поради што сите мажи го презирале од дното на душата. Како љубовник бил многу суров и груб кон партнерките, како физички така и во емотивна смисла. Кон жените се однесувал како кон сексуални робинки, но тие сепак неможеле да му одолеат.