
Дали сте во секојдневна потрага по личноста на вашиот живот, но никако неможете да ја пронајдете? Можеби проблемот е во високите стандарди кои сте ги поставиле.
Многу е важно да запомните дека ако сакате да остварите врска во која ќе бидете задоволни, можеби треба и вие да се промените или да ги намалите своите критериуми. Но како да знаете дали имате големи очекувања? Ако се пронајдете барем во некои од следните изјави, тогаш е време да се запрашате дали сте само поради тоа што сте премногу пребирливи:
1. Никогаш не би сакале да бидете во врска со некој кој има "иритирачка" насмевка
2. Списокот на тие кои ги имате одбиено е подолг од оние со кои сте излегле на состанок.
3. Сте раскинале поради нешто што другата личност го направила во сон.
4. Често сте одличувале дека нема да има втор состанок, иако сеуште не сте стигнале на првиот.
5. Сте го заборавиле презимето на личноста со која сте излегле, но сте запамтиле колку пати отишла го тоалетот.
6. Сметате дека имате свој "тип", но незнаете да ги дефинирате неговите карактеристики.
7. Касните 5 минути, а се нервирате кога ќе видите дека тој/таа сеуште не дошол/ла.
8. Вашиот календар е преполн со откажани состаноци.
9. Имате налепница "Сите добри се или зафатени или се геј"
10. Ќе го дадете вашиот број, а кога ќе ви се јави не одговарате бидејќи мислите дека повикот е премногу брз.
11. Често кажувате "Тој/таа е премногу... (а потоа следи посебен израз на лицето). Знаеш на што мислам?"
12. Секогаш сте вие тој/таа што одбива, никогаш не сте одбиени, освен еднаш кога другата личност била премногу избирлива.