
Скршеното срце не е само синтагма со која го опишуваме чуството откако ќе ја изгубиме саканата личност. Научниците докажале дека се работи за вистински медицински синдром.
Крајот на романсата или смрт на саканата личност буквално може да го скрши срцето, а новото истражување покажува дека жените почесто патат од синдромот на скршено срце отколку мажите. Истражувањата покажуваат дека шокот или емоционалната траума можат да предизвикаат симптоми на срцев удар или други кардиоваскуларни проблеми.
Синдромот на скршено срце потикнува емотивен шок предизвикан од смрта на саканата личност или прекинување на врската, а ги има сите симптоми на срцев удар, аритмија на срцето и пореметување во крвната слика, но не доаѓа до блокирање на артериите.
За разлика од вистинскиот срцев удар, кај поголемиот број случаи овој синдром не е фатален и личноста ќе се чуствува подобро за неколку недели. Синдромот на скршено срце ги погаѓа и мажите и жените, но жените се дури 9.5 пати повеќе подложни отколку мажите.
Причината за тоа најверојатно лежи во тоа дека мажите се поотпорни на стрес од жените.