
За мажите најголемо задоволство е да можат да го видат секој милиметар од голото женско тело, додека жените многу често се прашуваат "што тој мисли?", "го гледа ли целулитот?" или "дали му се допаѓам?". Вистината е дека скоро ниеден маж нема да помисли на ништо слично кога ќе ја види гола жената која му се допаѓа.
Дознајте што најчесто им поминува низ главата кога во полутемна спална соба ќе ја видат жената:
Кожата и е толку мека
Без оглед на тоа дали сте ставиле лосион или не за него важата кожа е мека. Всушност кожата на мажот е за 20% подебела од женската кожа, па така и кога вие мислите дека за вашата кожа е груба, за него таа е мека.
Го обожавам нејзиниот мирис
Мажите многу тешко можат да одолеат на природниот мирис на женското тело. Користењето на многу парфем и миризливи лосиони ве прави помалку привлечни. Вашите природни феромони се афродизијак. Секако тоа не значи дека треба да ја избегнувате секојдневната хигиена.
Зошто неможам да видам се
Една анкета покажала дека 56% од жените не се задоволни од својот изглед. Но дали е можно половина од жените да не се атрактивни? Секако дека не. Најверојатно жената има нереална слика за својот изглед. Кога тие се гледаат во огледало ги гледаат само своите мани, додека мажот ја гледа на сосема друг начин. Тој го гледа само тоа што му се допаѓа.
Се надевам дека ќе ми каже што и одговара
Модерните заведувачи, без оглед на многубројните информации и литература и понатаму се соочуваат со незнаење за тоа што сакате вие во креветот. На мажите им е потребно некој да ги води. Се е полесно со добри упатства, а тоа што дава добро чувство може да биде неверојатно секси.
Навистина е во добра форма
Повеќето жени кога ќе го погледнат своето тело ќе помислат дека треба да намалат некој килограм. Бидете уверени дека според него вие изгледате одлично.
Сакам оваа ноќ да биде за памтење
Мажите се многу горди кога ќе ја доведат жената до оргазам. Мислата што му се јавува кога ќе види гола жена е дека сака да ја задоволи на најдобар начин.