
Што ги прави жените среќни? Верувале или не, во врската жената најсреќна и најзадоволна ја прават мали работи. Но за да не дојде до забуна, ви претставуваме пет мали работи кои секоја жена ќе ја направата најсреќна.
Доктор M. Gary Neuman, семеен советник и автор на книгата 'Connect to Love' за Fox News открива дека жените најмногу ги прават среќни малите работи, а на основа на своето истражување открил дека жените најмногу го почитуваат времето кое им го посветувате, почитувањето, разбирањето, знаците на внимание и забавата.
Време
Од сите работи кои жените ги прават среќни, најдрагоцено е времето кое го поминуваат со партнерот. Најголем број на жени, кои се среќни и задоволни во својата врска, секој ден поминуваат барем половина час со својот партнер кој им го посветува целосно своето внимание: 24% од жените кои тврдат дека не се среќни во врската, кажуваат дека со својот партнер поминуваат само пет минути. Затоа, запрашајте се колку време навистина и посветувате на својата партнерка и тоа без мешањето на мобилниот, телевизијата или лап топот.
Почитување
Во денешно време грижата за децата, семејството и домот, потоа секојдневните обврски за на работа и земањето плата, често тоа на жените не им се почитува доволно. Жената треба на својот партнер да му каже што ја прави да се чувствува почитувана, а тој тоа треба да го послуша.
Разбирање
За жените е многу важно покрај себе да имаат партнер кој ги разбира и им дава поддршка. Но многу е важно жената да му помогне на својот партнер да научи како навистина да слуша што таа му говори. Всушност мажите многу често немаат појма што сакаат да им кажат жените, бидејќи незнаат правилно да слушаат. Жените треба да знаат како на мажот точно да му го кажат тоа што го сакаат. Всушност, сакајќи да му ги кажат сите детали, жените понекогаш многу долго говорат, а мажите губат внимание и едноставно незнаат што таа им говори.
Забава
Тоа е една од оние работи која често исчезнува во врската после неколку години, особено по раѓањето на првото дете. Сите фактори, како што е работата, кредитите, заемите и хипотеките го нарушуваат квалитетот на врската. За да ја избегнат здодевната рутина, партнерите треба да си договорат термин и да одредат време кое ќе биде посветено само за нив и тоа време да го поминат разговарајќи за се, но не и за децата, работата и финансиите.
Знаци на внимание
Бакнежот, прегратката, неочекуваните телефонски повици со кои само сакате да кажете те сакам - се мали знаци на внимание кои имаат големо значење. Барем неколку пати во седмицата изненадно бакнете ја или јавете и се: тоа се мали работи кои траат по 30-тина секунди, а напредокот и подобрувањето на врската ќе ве изненади.