
Срцев удар може да избегнете ако сте сексуалн активни два пати неделно. Во тој случај, шансите за време на сексот да ви се случи некоја болест се еден на милион. Сексот помага и за забрзување на метаболизмот, во регулирање на менструалниот циклус и го зајакнува имунолошкиот систем.
На многу жени ќе им биде драгоцена информацијата дека секоја минута оргазам на организмот влијае како да сте пешачеле со брзина од 5,5 километри на час. Освен тоа, во секојдневниот живот, кога може да ве заболи главата поради илјадници причини, знајте дека Израелците докажале дека сексот и оргазмот ослободуваат од главоболка како да е однесена во река.