Си го изневерила дечкото? Дознај што да направиш!

Neverstvo Zeni

Дали треба да му признаеш? Да молчиш? Еве како треба да реагираш.

Можеби навистина премногу го сакате вашиот дечко, но признајте, понекогаш кога ќе налетате на некој убав тип се прашувате каков би бил во кревет. Без разлика дали се работи за бакнеж или секс, тешко е да се носи чуството на вина кое се јавува отпосле. Со помош на советите од Cosmopolitan плесно ќе се изборите со последиците од вашето неверство, а следниот пат добро размислете пред да ја направите истата грешка.

Немојте да избрзате

Вашата мајка можеби ви кажала дека секогаш е најдобро да се биде искрен, но во овој случај многу експерти советуваат да молчите. "Ако тоа навистина било само еднаш немојте да му кажете. Иако можеби би се чуствувале подобро, со тоа само него би го повредиле и би ја уништиле довербата што тој ја има во вас". Исто така не зборувајте за  тоа и пред другите, бидејќи така ги зголемувате шансите тој да дознае.

Истражете ги вашите мотиви

Кога жената изневерува, дури и ако тоа се случило само еднаш, најчесто во врската постои некаков проблем. Жените често се впуштаат во неверство ако врската во сексуална смисла стагнира или ако се чуствуваат запоставено, тврдат експертите. Другиот маж и дава нешто што не го добива моментално од нејзиниот моментален дечко. Ако е во прашање врска која вреди да се спасува, морате да го решите проблемот или во спротивно ситуацијата се повеќе ќе се влошува.

Запрашајте се зошто тоа сте го направиле тоа, а притоа дајте му до знаење на вашиот дечко што ви е потребно. Но, сепак, немојте да признаете. Нормално, можеби вашата љубов повеќе не постои. Можеби сте премногу мрзеливи или уплашени за да се посветите на проблемот па затоа спиете со други мажи обидувајќи се да ја упропастите вашата врска, дури и ако е тоа само на подсвесно ниво. Но, направете си услига( и на вашиот дечко)  и "пресечете" ја работата.

Што ако тој открие?

Дури и ако сте ги избришале сите докази и траги, вашиот дечко би моижел да го открие неверството. Доколку сеуште сакате да бидете со него, најдобро што можете да направите е да ми кажете колку жалите поради тоа, заколнете се дека тоа нема да се повтори и молете за прошка.

Во тој момент сеуште не е вистинското време да влегувате во причините поради кои тоа сте го направиле. Почекајте неколку недели пред да му кажете што вас ви смета, кажуваат психолозите. На него му е потребно време да помине преку неверството, а при тоа да не биде соочен со грешките кои тој ги правел.

Конечно, неверството може сериозно да го разниша егото на личноста која е изневерена и затоа морате да работите на поправање на самодовербата на вашиот дечко. Без оглед на се, тој ќе се лути и можеби ќе му треба простор. Во тој случај, оставете го да биде сам додека сигурно не ви каже дека ви простил.
 

 


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 17 °C
Охрид 15 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport