
Без оглед на тоа колку се обидувате фотографијата на вашиот профил на некоја друштвена мрежа да биде добра и да остави впечаток на заводник, наводно жените можат да одредат дали сте привлечен маж читајќи ги вашите лични податоци.
Според едно истражување, жената може да дознае дали се работи за згоден маж доколку го прочита описот кој тој го напишал за себе. Мажите кои се физички привлечни знаат тоа да го опишат и со зборови. Во истражувањето се согласувале сликите на привлечните мажи со описот кој го оставиле на профилот за кои жените мислеле дека се атрактивни припадници на посилниот пол. Иако различни типови жени ги оценувале профилите, особено фотографиите, произлегло дека згодните мажи знаат и убаво да напишат за себе и со тоа да ги привлечат жените.