Дали мажите навистина мислат само на секс?

Mazi Mislat

За што мажите постојано размислуваат? Најновата студија открива дека не е само сексот во прашање.
Мажите многу често мислат на храна и на спиење, спротивно на многу студии кои процениле дека мажите мислат на сексот на секои 7 секунди или според некои 8 пати дневно.

За да ја тестираат оваа теорија научниците ангажирале 163 девојки и 120 мажи-студенти. Секој од нив добил специјален бројач и 59 од испитаниците биле замолени да забележуваат секој пат кога ќе помислат на храна, 61  од испитаниците бележеле кога мислеле на спиење, а 163 испитаници бележеле кога мислеле на секој вид на секс.

Резултатите покажале дека мажите во просек на секс мислат 19 пати дневно, во споредба со жените кои на секс помислуваат 10 пати. Мажите исто така почесто мислат и на храната - 18 пати и на спиење 11 пати. Жените на храна помислуваат 15 пати, а на спиење 8 пати дневно.

"Ова откритие покажало дека постојат разлики во половите, не само кога е во прашање размислувањето за сексот, туку и за храната и спиењето" кажал др. Тери Фишер, професор по психологија на Универзитетот во Охајо.

Истражувањето не се однесува само на разликите меѓу половите, туку укажува и на фактот колку некоја личност е слободна кога е во прашање сопствената сексуалност.

"Не постои доказ за мислењето дека мажите се поопседнати со сексот од жените" додава Фишер.


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 17 °C
Охрид 15 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport