Пристигнува Zanifil - кондом со вијагра

Kondomi

Финансиската криза која владее со светот ги натерала фармацевтските компании да измислат нешто ново доколку сакаат да опстанат и продолжат со нивната работа.
Па така Британската фармацевтска компанија "Futura Medical" се решиле на пазарот да извадат два иновативни производи, а тоа се: „кондом со вијагра“ и спреј кој ја одолговлекува ејакулацијата.

Компанијата Futura Medical во соработка со најголемиот производител на кондоми во свет, компанијата Durex на пазарот ќе пуштат во продажба нов вид на кондом под називот Zanifil. Кондомот Zanifil ќе биде со ист изглед како и обичниот кондом, но на врвот од кондомот ќе има специјален гел кој ќе помага за подобар проток на крвта во пенисот.

Од компанијата Futura Medical изјавуваат дека овој кондом нема улога да постигнува јака ерекција, туку овој кондом ќе им помага на оние „здравите“ мажи кои што имаат проблем со ерекцијата кога ќе стават кондом.

Овој кондом веќе се испитува пола година и конечно добил одобрение од министерството за здравство на Велика Британија за негова комерцијална употреба. Според првите проценки овој „кондом-вијагра“ на компанијата Futura Medical и на компанијата Durex ќе им носи заработка од околу 150 милиони фунти годишно.

Освен производот Zanifil, компанијата Futura Medical во продажба пуштиле и спреј кој ја спречува прераната ејакулација. Овој спреј веднаш по пуштањето во продажба станал вистински хит.



 


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 17 °C
Охрид 15 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport