
Дали ќе се сретнете со вистинскиот, кога... после низа пропаднати врски, погрешни личности и неисполнети желби понекогаш е тешко да го препознаете лицето на совршениот избор. Професорот Петар Тод носи револуционерно решение: математичка формула за пронаоѓање партнер.
До 30-тата година многу мажи и жени започнуваат врски кои не им одговараат и тоа со парнери кои не се по нивни вкус.
Професорот по информатички и когнитивни науки, Петар Тод, објаснува дека науката можеме да ја употребиме за сопствената среќа.
"Најдобра стратегија на пронаоѓање на идеалниот партнер и излегувањето со голем број различни луѓе за да можете да ги утврдите сопствените стандарди" кажува професорот.
Според него 12 е магичен број кога станува збор за тоа што сакаме и бараме од врската. Всушност повеќето луѓе кога ќе излезат на состанок со 12 различни личности, добиваат доволно информации за утврдување на посакуваните квалитети кај партнерот.
"Статистички гледано, тоа е точка во која личноста сака да започне да живее со некој и престанува со активната потрага по партнер" објаснува Тод.
Спротивно на интересната теорија, во праксата е нешто поразлично и игледа вака: доколку сте излегле до 12 луѓе, продолжете да барате, а ако сте го поминале бројот 30 тогаш многу сте пребирливи.