
Психолозите заклучиле дека повеќето мажи својата љубов ја искажуваат прелу делата, а помалку кажуваат "те сакам". Но тоа е само еден мал дел од нивното предвидливо однесување кое за жените понекогаш претставува проблем. За да ви го олесниме животот и да ве спасиме од несогласувањата, ви претставуваме пет едноставни машки навики кои мора да ги знаете.
На мажите им е потребно подолго време за "да се врзат"
Овој факт може да ви одговори на многу прашања. Ако очекувате да ве побара за жена или да преминете на следното ниво на врска кое вклучува заеднички живот, а не само место каде што ќе преспиете, бидете трпеливи. На мажите им е потребно повеќе време да го направат тој сериозен чекор, бидејќи пред "врзувањето" сакаат да бидат потполно сигурни дека тоа е вистинската личност за нив и дека ништо не пропуштиле.
Мажите не сакаат многу да зборуваат
Ако сте помислиле дека со партнерот имате проблеми со комуникацијата и дека не ве слуша додека му говорите, не се грижете, не сте единствени. Психолозите сметаат дека повеќето мажи ги слушаат жените кога тие им кажуваат нешто, но немаат потреба да им потврдат.
Мажите сакаат да имаат малку време за себе
Тука не говориме за секојдневните излегувања и пиење или тродневните излети со друштвото, туку за малите навики кои за нив имаат големо значење. Додека жените имаат потреба се да поделат и за се да разговараат со партнерот, мажите некои работи повеќе сакаат да ги поделат со пријателите.
Мажите се многу слични на своите татковци
Дали го сакаме тоа или не, поговорката "каков татко , таков син" е вистинита. Ако ве интересира зашто така се однесува во врската, набљудувајте ги неговите родители и однесувањето на неговиот татко. Но секако, за оваа теза не треба слепо да се држите зашто понекогаш сите се разликуваме.
Мажите не се секогаш за акција
Иако од женската перспектива тоа личи невозможно, сепак и мажите имаат моменти кога не се расположени за сексуален однос со партнерката, па треба да им се верува. Кога ќе кажат дека се изморени или се под стрес, тоа не е затоа што имаат друга или затоа што повеќе не сте секси за нив, туку тоа е навистина причината.