7 типови на мажи за кои не треба да се омажите

Vencanje Mazi

Жените и мажите често "слепо" се заљубуваат, а кога ќе помине почетната фаза, започнува рационалното размислување за врската. Ви претставуваме типови на мажи за кои не треба да се омажите, според белешките на свештеникот Пет Конор, кој воедно е и автор на книгата "За кого не треба да се венчате".
Мамини синови

Тие не се во состојба сами да одлучуваат, повеќе разговараат со својата мајка отколку со партнерката и очекуваат сопругата за нив да се грижи исто како и нивната мајка.

Мажи кои незнаат да работат со парите

Овој тип на мажи е тешко оптеретување за бракот. Не е важно дали има мала плата или едноставно незнае што да прави со парите, Конор тврди дека бракот со овој маж може лесно да престане поради расправија за финансиите.

Мажи без пријатели

Конор кажува дека не е важен бројот на пријателите, но ако нема ниеден пријател, тогаш тоа е показател за неговиот себичен карактер и чудни навики.

Понижување во јавноста

Не е важен поводот или причината, туку чувството на повреденост и пониженост. Тоа покажува дека тој маж нема самоконтрола, а од вашиот углед поважно му е само да го изрази бесот. Тоа е тип на маж кој сака да доминира.

Невнимателен тип

Без разлика дали станува збор за конобар, чувар на паркинг, безобразното и арогантното однесување го покажува вистинскиот карактер на мажот. Кога-тогаш тој тоа ќе го покаже и пред својата жена.

Маж кој незнае да се пошегува на своја сметка

Таквото однесување ја открива несигурноста и комплексите, а тоа не е добра основа за однос. Исто така Конор насочува и кон мала самокритичност и преголемото критикување на другите.

Никогаш не се спротивставува

Ако имате маж кој го одобрува секој ваш чекор, тоа може да биде убаво на почетокот, но многу брзо ќе ви здосади. Тоа открива недостаток на карактер.


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 17 °C
Охрид 15 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport