Кој е вистинскиот убиец на страста?

Strast

Не е лесно да се зачува страста во долгогодишната врска бидејќи секојдневните обврски можат да ја убијат страста уште од почетокот. Денис Новелс, американски сексолог, открива пет грешки кои не смеете да ги направите во бракот или во врската, ако сакате и понатаму да имате бурен сексуален живот.
Потиснивање на незадоволствата

Ако премолчувате кога ќе ве изнервира партнерот, мора веднаш да се промените. Психолозите кажуваат дека конструктивната расправија е еден од предусловите за успешна врска. Доколку постојано избегнувате отворена расправија, ќе постанете огорчени и ладни, а тоа ќе го уништи вашиот интимен живот.

Тешки зборови

Без оглед на тоа колку ве изнервирал партнерот, водете сметка да не кажете некоја навреда која се однесува на негов негостаток. Тоа несмее да ви се случи, бидејќи партнерот после тоа ниема никогаш повеќе да ви верува.

Сте се запоставиле

Тоа што сте во брак веќе седум или повеќе години, не значи дека може до крајот на животот да сметате на посветеноста на партнерот.

Недостаток на доверба

Ако по природа сте премногу љубоморни, обидете се тоа да го сокриете. Доколку постојано го напаѓате партнерот со прашањата: "Каде беше? Што правеше?", својот живот ќе си го направите пекол. Партнерот после извесен период нема да сака да се врати дома, а ни на крај памет нема да му текне да ве прегрне.

Непривлечно однесување

Грицкањето нокти, гласното јадење храна или непуштање вода во тоалетот се некои од најиритирачките навики кои можат вашиот партнер да го доведат до лудило. Колку и да изгледа банално, верувајте дека ваквото однесување е непријател на страста.


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 17 °C
Охрид 15 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport