"Господинот Совршен" не постои, не го барајте

Sovrsen Maz

Анкетата која е направена на 2.000 жени покажала дека ниедна од нив не го пронашла мажот кој во целост ја задоволил и дека "Господинот Совршен" не постои.

Компанијата Remington направила анкета, со цел да откријат до која мерка женските очекувања се исполнети кога се во прашање мажите и откриле дека мажите исполнуваат само 69% од очекувањата, пренесува Daily Mail.

Испитуваните жени наброиле стотина мани кои ги дознаваат во заедничкиот живот со партнерот. Како најчести "машки гревови" спаѓаат: неспособноста да извршат повеќе работи одеднаш, начинот на кој возат и недоволниот труд околу пријателите на нивната патнерка. Оставањето на отворена врата од WC, премногу гледање спортови и слаба хигиена исто така се на листата.

Маркетинг директорката од Remington, која го направила истражувањето, Nikki McReynolds кажала дека жените се свасни за недостатоците на нивните партнери и дека немаат никаква илузија.

"Жените се реални во врска со тоа што го очекуваат од нивните партнери. Исто така се свесни за нивните недостатоци и немаат тенденција да затворат очи пред недостатоците. Постојат однесувања од мажите кои никогаш неможат да пропуштат", кажала McReynolds.

Третина од жените кажале дека ќе замижат пред фактот дека нивниот партнер гледа премногу спорт на TV доколку ги послушаат за нешто. Облеката расфрлана по подот исто така може да се толерира доколку и жената не е премногу уредна. Уште една мана е доколку мажот е 'мамина маза".

Кога биле прашани каков би бил совршениот маж, поголемиот број жени одговориле дека сакаат маж кој е добра личност со смисла за хумот и убаво изгледа.

 


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 17 °C
Охрид 15 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport