
Многу стидии покажале дека мнозинството на мажи ги сметаат жение за се сексуално привлечни, додека пак повеќето жени сметаат дека не постои апсолутно ништо атрактивно кај повеќето мажи. Тогаш се поставува прашањето зошто воопшто го практикуваат сексот?
Синди Местон и Дејвид Бус, психолози од Универзитетот во Тексас за потребите на книгата ``Зошто жените имаат секс`` разговарале со 1000 жени, само за да ги распрашаат зошто имаат секс со мажите. Една од испитаничките рекла дека сексот за неа бил духовно искуство, дека тоа е нешто што и овозможува да биде најблиску до Господ. Дури 84 % рекле дека имале секс за да обезбедат мир во семејството или за да го натераат мажот да им помогне во домашните работи.
Една жена признала дека имала сексуални односи за да се ослободи од досадата и дека и било полесно да се секса отколку да се кара. Иако за мажите следново може да биде непријатно за читање, ќе ви откриеме дека многу жени признале дека спиеле со мажи затоа што ги сожалувале. Една испитаничка признала дека спиела со неколку мажи бидејќи и паднало жал за нив. Меѓутоа поголемиот број на жени биле пак водени од себични мотиви како што се финансиите или пак материјалните награди.
Во анкетата спроведена помеѓу студентите секоја десета признала дека имала сексуални односи заради поклони. `` Ми покажа што значи екстравагантен начин на живот`` се само некои од причините наведени во анкетата.
За многу жени, сексот не е романтична работа или љубов, туку повеќе е шанса за забава. Шест од десет студентки кажале дека имале секс со мажи со кои не биле во романтична врска. ``Животот е премногу краток да чекам на секс со вистинскиот маж``, изјавила една од испитаничките.
Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ