Што да прават жените кога мажот не постигнува ерекција?

Erektilna Disfunkcija

Многу жени не знаат што да прават кога нивниот сексуален партнер неможе да постигне ерекција. Овде ќе ги кажеме причините зошто мажите можат да развијат проблем со ерекцијата, како можете да им помогнете и што би требало да направите во таква ситуација.

Сексуалната активност на луѓето е една од основните инстинкти. Тоа е причината зошто проблемите со сексуалната потенција, кои се дефинирани и како еректилна дисфункција, можат да доведат до нервоза, недостиг од самодоверба, па дури и потешки последици. Но тоа му се случува на секој возрасен маж најмалку еднаш во неговиот живот и секој тоа го сфаќа како почетокот на крајот.

Два вида сексуална импотенција

Сексуалната импотенција може да биде предизвикана од психолошки и физиолошки проблеми. Околу 10% од сите случаи на сексуална импотенција се чисто од психолошки причини. Остатокот се од физиолошка дисфинкција. Постојат многу причини зошто мажите не можат да бидат во состојба да постигнат ерекција.

Причини за машката сексуална импотенција

Постојат различни фактори кои влијаат на машкиот полов нагон. Што се, може да го намали машкото либидо? Ова, нормално, не е целата листа, но важно е да сфатите колку работи можат да влијаат:

- Депресија
- Замор
- Алкохол
- Терапевтска употреба на естроген
- Дијабетис
- Пушење
- Негативни ефекти од лекови
- Проблеми во врска со дотокот на крв во пенисот
- Хормонско пореметување...

Што да направите ако вашиот партнер не постигне ерекција?

Сексот бара целосна релаксација и концентрација. Не го практикувајте во брзање или напнатост. Само полека. Направете романтично окружување. Ако и покрај се тој не успее да постигне оргазам или ерекција, еве што би можеле или требало да направите:

- Не паничете, Не го сфаќајте тоа лично. Не се чуствувајте непријатно и не се обвинувајте себе си, неговата ерекција не зависи само од тоа дали вие доволно сте го возбудиле!
- Не дозволувајте тој да почне да паничи. Дајте му подршка - тоа е најважната работа која му е потребна во тој момент.
- Нека знае дека не го сметате за сексуално импотентен, на него не му треба вијагра, тој е вашиот најубав и најпосакуван човек, вистинскиот маж.
- Кажете му дека го сакате, бакнете го и гушнете го.
- Масирајте го нежно.
- Дадете му малку орална акција, чисто онака, за опуштање. Без обврски.
- Или само речете му со мала насмевка : "Ајде да пробаме повторно".
- Исто така можете да го замолите да ве задоволи со прсти или со уста. Тоа би можело доволно да го возбуди.
- Никогаш не го потсетувајте на тоа, дури и во најголемата караница. Никогаш немојте да се смеете на тоа, Никогаш и на никој.
- Ако вашиот сексуален партнер се соочува со посериозен проблем со еректилна дисфункција, би требало да разговара со доктор да ја утврди причината за проблемот. Не му дозволувајте тоа да го одложува за подоцна.

 


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 16 °C
Охрид 15 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport