Што треба да знаете за машката сексуалност?

Par

За многу жени мажите се таинствени суштества. Зошто наутро имаат ерекција? Кои им се омилените пози во сексот? Дали постојано мислат на секс? Тоа се само некои од прашањата кои што жените би сакале да ги прашаат мажите, но не се осмелуваат бидејќи им е непријатно. 

За да не останат неодговорени овие прашања, се по погрижил Greg Hauard, амарикански блогер на кого машко - женските односи му се непресушен извор на инспирација. Ви ги даваме одговорите на најчесто поставуваните прашања за мажите кои најчесто им се вртат во паметот на жените.
 
Која е неговата омилена поза?
 
Според Greg, одговорот е  doggy поза. Ова откритие го потврдиле и неколку истаржувања, а се почесто и самите жени признаваат дека најмногу уживаат во оваа позиција. На мажите им се допаѓа бидејќи им овозможува подлабока пенетрација во текот на односот.
 
Зошто мажите многу се грижат за големината на нивниот пенис?
 
Одговорот е многу јасен - пенисот е симбол на маженственост. Колку е поголем, толку повеќе мажите се сметаат за мажи. Едно истражување покажало дека повеќето  мажи мислат дека пенисот им е помал одколку што реално е така.
 
Дали мажите навистина мастурбираат толку често?
 
Не е лага дека сите мажи мастурбираат. Тие кои што велат дека тоа не го прават често, всушност лажат. Мастурбацијата не е штетна, но премногу честа мастурбација може да доведе до потешко постигнување на оргазам со партнерката. Ова е единствено лоша нуспојава, објаснуваат експертите.
 
Зошто тој сака да го допирате неговиот анус?
 
Многу мажи нема да признаат, но тие навистина сакаат да ги стимулирате анално. Тоа не значи дека имаат хомосексуална склоност. На тој дел од телото се наоѓаат многу нервни завршетоци кои им предизвикуваат задоволство и затоа сакаат тој дел да не биде игнориран.
 
Дали мажите постојано мислат на секс?
 
Ова не е целата и права вистина. Имено, неколку истражувања покажале дека мажите често мислат на секс, но ова не е вистина. Ова го прават половина од мажите. Поточно, последните истражувања покажуваат дека на жените сексот почесто им се врти во главата отколку на мажите...
 
Зошто мажите наутро имаат ерекција?
 
Мажите наутро произведуваат голема количина на тестостерон и тоа е причината зошто наутро имаат ерекција. Ова всушност е знак дека се здрави и дека телото нормално им функционира. 
 
Дали повеќе сака орален секс, коитус или задоволување со рака
 
Одговорот е - самиот сексуален чин- коитус! Иако, многу мажи доживуваат врвно задоволство за време на орален секс, но многумина најмногу уживаат за време на пенетрацијата. Што се однесува до рачната стимулација, Greg објаснува дека ниту една жена не може тоа да го направи како што мажот може  сам.
 
 
Дали мажите сакаат да ја легнат и вашата пријателка?
 
Одговорот е да. Поголемиот број фантазираат за ова , но не го прават тоа во реалноста. Станува збор за синдромот на освојувач кој всушност преставува примитивен инстинкт на еден маж и повеќе жени за да се осигура што е можно поголемо потомство.

Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 16 °C
Охрид 15 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport