Библиски совети за успешна врска

Bibsov
Најчитаната книга на светот раскажува едноставна приказна за боженствената љубов кон човекот.

Таа е симбол на секојдневните односи помеѓу луѓето и благодарение на неа бискупот T.D. Džejks ги преточил неговите искуства од брачната и духовна институција во ``Лекции од срце`` во шест примери.
 
1.Надминување на разликите во врската
 
Уметноста на успешната врска лежи во различноста и пронаоѓањето на заедничка основа. Тоа значи дека рамнотежата произлегува од меѓусебната поддршка и зајакнување на слабостите на другиот. Парот е составен од две личности кои взаемно се надополнуваат. Запознавањето се случува од вистинската желба за запознавање, љубов, почитување и прифаќање на личноста таква каква што е.
 
2. На здравата врска и е потребна емоционална и духовна слобода
 
Сопствените емоции и менталната состојба треба да ги одржувате чисти. Не смеете да останете затрупани од бремето на минатото. Молитвата, медитацијата и вежбите се сигурен начин да не дозволите во новата врска да ги преживувате емоционалните проблеми од минатото.
 
3. За да засакате некого потребно е храброст
 
Секој имал барем една врска која што не функционирала. Таа трауматична врска може да остави долготрајни последици. Затоа секој пат е се потешко да се стекне доверба и да се заљубите во некој друг.
 
4.Правете здрави компромиси
 
Во повеќето конфликтни ситуации двете страни сметаат дека се во право. Здравиот компромис е основа на успешната врска.
 
5.Чувајте ја вашата врска
 
Морате да се фокусирате на важните работи. Насочете ја енергијата на важните, на позитивните промени, на ситуациите кои што можете да ги контролирате. Имајте мудрост да увидите колку е значајно да се препуштите во целост.
 
6.Ценете се себе си
 
Бидете за себе и фактот дека заслужувате внимание и љубов која што партнерот ви ја обезбедува. Самопочитувањето ќе ви помогне подобро да се самозапознаете да сфатите што сакате во животот.
 

Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 16 °C
Охрид 15 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport