
Двајца луѓе може да се поврзат на многу нивоа, но паровите кои се поврзуваат подобро се сложуваат од другите, тврди љубовниот советни Стив Сисголд. Во својата долгогодишна работа открил дека заедничките вредности, моралните ставови, односот спрема работата, семејството, пријателите и љубовта се причина што ги прават партнерите поблиски.
Сличен или ист поглед на работите или ситуациите во животот им дава на партнерите чувство на разбирање и прифаќање, додека различните ставови може да предизвикаат огорченост и празнина, а најчесто водат до распаѓање на врската.
Компатибилноста зависи од интелектуалното согласување со партнерот.
"Доживотна или целосна компатибилност не постои ни со пријателите, па луѓето не треба на нејзе да инсистираат до самиот крај" кажува Сисголд со напомена дека клучната компатибилност за опстанок на врската е слична со комуникацијата и сфаќањето на комуникацијата.
На пример, комуникациската некомпатибилност, според Сисголд, очигледна е во врските во кои еден партнер многу збори и е отворен, а другиот повлечен. Комуникативниот партнер со тек на време ќе почне да се чувствува навредено бидејќи партнерот не комуницира со него, недостасува блискост, а интимноста ќе биде се помала помеѓу нив.
Сисголд кажува дека постои одредена формула која открива дали сме компатибилни и дали врската има смисла, а постојат и работи кои може да не насочат кон тоа.
"Најважно е чувството за меѓусебно почитување и разбирање, како и трудот да се сфати мислењето на партнерот. Така се покажува компатибилност со намера врската да успее и се наоѓа компромис. Но ако неможете да се сложите за тоа дали сакате деца, дали да патувате, дали да купите нов автомобил или куќа, компромисот е непосакуван. Таквите врски немаат смисла, освен ако се согласуваат само за забава, бидејќи основна компатибилност мора да постои. Можеме да кажеме дека во секоја врска треба да има 50% компатибилност и 50% труд за таа за успее" кажува Сисголд.