7 грешки кои ќе ја уништат вашата врска

Unistuvanje Vrska

Врската која започнала изненадувачки убаво и нежно, не траела долго. Тажни сте и размислувате каде сте погрешиле. Психолозите за решавање на љубовните проблеми се обиделе да објаснат каде грешат жените и што треба да научат.
Кога поради прекинување на врската ќе ве обземе тага, приберете се и научете кои грешки не треба да ги повторувате. Наместо поради прекивањето на врската да го обвинувате вашиот партнер, обидете се да видите самите каде сте згрешиле. Време е да научите кои грешки водат до уништување на врската.

1. Преправање дека се е во ред, а не е.

Ја знаете таа ситуација кога сте лути и повредени, тој ќе ве праша што ви е, а вие само тивко одговарате - ништо, се е во ред. Очекувате од него да ви ги чита мислите, но мажите тоа неможат да го прават. Ако нешто не е во ред, тоа треба да го кажете јасно и гласно - советува психологот Сабрина Дото Било.

2. Критикување

Никој не сака критикување, особено ако тоа е нешто што се повторува секој ден. "Луѓето многу повеќе ги мотивира признавање и пофалба. Подобро е партнерот да го пофалите кога ќе направи нешто добро, отколку константно да го критикувате кога ќе направи нешто што на вас не ви се допаѓа. Критиката не дава резултати" напоменува психологот Карен Камбел.

3. Нејасна комуникација

Многу жени очекуваат нивниот партнер да ги погоди нивните желби и потреби. Комуникацијата во врската е важна работа. Јасен и отворен разговор е неопходен за партнерите да знаат што сакаат, каде настанале проблемите и како да ги решат. Отворените разговори поврзуваат и создаваат поголема блискост. Секогаш ќе има проблеми, а тие најдобро се решаваат со разговор - истакнува психологот Камбел.

4. Делење на интимноста

Иако сте во врска, вие сепак сте две личности и секој треба да ја задржи својата приватност до некое прифатливо ниво. Немора на партнерот да му ги кажувате сите детали за своите претходни врски. Тоа не се информации кои ќе помогнат вашата врска да се развива. Напротив, можат да ја уништат.

5. Невнимание

Мажите сакаат кога жените им посветуваат вниманите. Тие очекуваат од жената да им помогне да се чувствуваат посебно. Подгответе им го омиленото јадење, направете го десертот кој го сакаат, грижете се за нив кога се болни - советува психологот Камбел.

6. Единствена одговорна во врската

Жената не е единствената која е одговорна во врската и сексот. Тоа е погрешен став кој го заземаат многу жени. Врската е заедница на две личности, така што секоја личност има свој дел во одговорноста и успехот, но и во неуспехот. Значи двајца се во игра - кажува психологот Тајс Арахо.

7. Искористување на неговите слабости

Квалитетите на мажите треба да ги фалите, но за неговите слабости треба да имате разбирање и почитување. Бидете човек и помогнете му кога има проблеми. Ако нешто ви признае, на пример дека има некој проблем на работа, тоа е затоа што ви верува. Подоцно не му го удирајте тоа од нос бидејќи никогаш повеќе нема да ви се довери - истакнува психологот Сабрина Дото Било.


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 16 °C
Охрид 15 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport