
Знаете ли зошто жените изневеруваат? Да, да и жените имаат нагони за прељуба, а и добри причини за тоа да го прават.
Прочитајте ги десетте најважни причини за прељуба и што можете да направите за до тоа да не дојде.
1.Барање внимание
Жените обично не се впуштаат во афери и изневерување ако забележат намалување на сексуалниот нагон на партнерот. Пред се, жените изневеруваат ако осетат недостаток на внимание од страна на партнерот. Им недостасува блискост, поврзаност со партнерот и чуство дека се сакани. Покажете и дека вашата работа, пријатели и хоби се наоѓаат после неа на листата на вашите приоритети. Не ја затрупувајте со сите проблеми кои ве мачат на работа. Осигурајте си време само за вас.
2.Барање совршенство
Некои жени се впуштаат во изневерување, затоа што секогаш сакаат и бараат нешто повеќе. Кај партнерот постојано бараат грешки. Најверојатно тоа незадоволство од партнерот, доаѓа од тоа што таа не е задоволна со самата себе.
3.Пријателства, кои се зголемуваат
Жените пречесто не знаат да постават јасни граници во дружењето. Затоа многу пати доаѓа до флерт. Пријателите ги пуштаат блиску до себе и токму они им се рамо за плачење кога ќе се скараат со партнерот. Комбинацијата повредена жена и заштитнички маж, најчесто завршува со секс. Тоа секако не значи дека треба да и забраните да има пријатели, или пак дека не треба никогаш да се скарате. Погрижете се вие да бидете нејзиниот најдобар пријател и да не ја испуштате од вид додека не поразговарате.
4.Непочитување
Неретко жените додека се во врска, се чуствуваат потполно неценети и непочитувани. Сакаат чуство на сигурност и самоувереност кои со врската често пати ги губат. За пофалбите и интересот за нејзиниот живот, сигурно ќе ви биде благодарна. Уште поблагодарна ќе ви биде ако и помогнете. Ако покрај вас се чуствува како ваша мајка или чистачка, тогаш сигурно задоволството ќе го бара на друго место.
5.Комуникација
Недостаток од комуникација со партнерот и претерана комуникација со сите други сигурно не делува корисно за жената и нејзиниот однос со партнерот. Едноставно кажано, кога во нејзиниот живот ќе дојде до поголеми промени, потрудете се вие да бидете нејзин прв и најважен соговорник. Таа ќе почуствува дека ви е важна и дека се интересирате за неа, а со тоа ќе се погрижите некој друг да не и го пружа сето тоа па и којзнае што друго.
6.Казнување
Жените изневеруваат кога се повредени и се мајсторки се во одмаздата. Секс со друг маж е казната која е тешко да се надмине. Вистината е, дека таквата одмазда не е воопшто слатка како што се чини.
7.Центар на внимание
Има жени што толку силно сакаат да бидат во центарот на вниманието и никогаш не им е доста. Што повеќе мажи им се восхитуваат, толку повеќе се задоволни со себе. Во вакви случаи, тешко е нешто да се промени. Полесно би се промениле себе и вашето доживување на врската одколку нејзе.
8.Додворување
Заведувањето не е нешто во кое уживаат само мажите. Жените исто така сакаат да се додворуваат, и да бидат заведувани. Ни мажите, ни жените не влегуваат во врска со мисла дека ќе ја изгубат желбата за флерт. Прекршете го непишаното правило дека додворувањето престанува кога ќе почне врската и веднаш почнете да ја заведувате. Изнесете ја на состанок или пратете и некоја палава порака. Нема да ви одземе многу време, а резултатите се зачудувачки.
9.Осаменост
Изневерувањето е пополнување на празнината. Многу жени не сакаат да се мачат со остатоците од заладувањето на односот со партнерот. Немаат сила и храброст за крај, односно за нов почеток и затоа се препуштаат на изневерувањето.
10.Мајчинство
Значи жените не изневеруваат заради преголемо либидо (иако има и такви), пред се заради други потреби од кои се незадоволни. Искрата во врската е драгоцена. Важно е тоа да се знае и да се труди да се зачува. Кога таа искра ќе згасне, тешко е повторно да се запали.