
Запомнете : повеќето жени не го практикува сексот само за да имаат секс и не сакаат од страната на мажите да бидат третирани како секс машини.
Жените сакаат да бидат немирни, за нив сексот треба да биде исход на љубовта, страста и романтиката. За животот да го направиме полесен и за жените и за мажите, ви ги преставуваме петте работи од кои се плашат жените за време на сексот.
Анален секс
Аналниот секс обезбедува поинакво задоволстов во однос на редовните односи и
станува се понормална активност помеѓу паровите. Сепак, ве советуваме никогаш да не ја шокирате со ставање на вашата гордост таму каде што сонцето никогаш не сјае. Има жени кои што аналната стимулација не ги возбудува. Затоа мора да
знаете каква женска сте превртеле во кревет. Особено доколку имала лошо
искуство во минатото, нема шанси да ја наговорите па дури и да се трудите до
крајот на животот.
Бременост
Мажите повеќе сакаат да имаат секс со својата партнерка без кондом. Но ова е
главоболка за жените кои што не се спремни да имаат деца. Жените не сакаат да
се клукаат со апчиња за контрацепција. Затоа мажите никогаш не треба да
наметнуваат незаштитен секс на своите партнерки.
Екстремен секс
Пред да го извадите камшикот, предходно запознајте ја добро вашата партнерка.
Знаеме дека секс играчките, лисиците, јажињата, валкани разговори и сл., се добар стимул, но не и ако ги користите во погрешно време или со нова партнерка
бидејќи може да ја уплашите до тој степен што ќе изгуби интерес за вас во
секаква смисла. Значи, не се однесувајте како порно ѕвезда!
Секс за време на менструација
Можеби за вас е во ред да имате секс за време на менструација, но жените
секогаш се чувствуваат непријатно или несигурно за време на ``оние денови``.
Понекогаш целата акција може да стане валкана, па двајцата да изгубите желба.
Затоа бидете стрпливи, почекајте да поминат тие неколку дена, па повторно
уживајте во љубовта.
Секс беза страст
Сексот без љубов или страст се случува само во порно филмовите. Мажите можат тоа да го направат, но жените не. Скокање во креветот без бакнување или мало загревање за да се разбудат соковите ќе предизвика да се чуствува непријатно. Не заборавајте дека жените секогаш го поврзуваат сексот со љубовта и емоциите.
Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ