
Најновото истражување покажало дека 75% од жените после породувањето имаат значително помалку сексуални односи. Главната причина е тоа што многу од жените не се задоволни со својот изглед.
Истражувањето било спроведено на 3000 жени кои штотуку станале мајки. Според ова истражување 75% од жените изјавиле дека тие после породувањето имаат многу помалку сексуални односи од претходно, но да не би останало се на оваа значително голема бројка, наведени се и главните причини зашто тоа се случува.
40% од жените признале дека биле исфрустрирани затоа што престанале да ја пратат модата и модните трендови, а многу од нив изјавиле дека нивното тело не им се допаѓало после породувањето, па им било срам да се соблечат пред сопругот.
53% од жените изјавиле дека доколку нивните сопрузи ги запрашате како би ги опишале своите жени после породувањето, најчест одговор би бил „Уморни“.