
Жените симулираат оргазам за да му го задоволат егото на својот партнер и со тоа би спречиле тој да ги изневерува.
Ова се резултатите од едно американско истражување кои што биле објавени во научниот магазин ASB (Archives of sexual behavior).
Група на научници од универзитетите во Колумбија и Окланд спровеле истражување на 453 хетеросексуални девојки, на просечна возраст од 22 години и кои што биле најмалку 33 месеци во врска.
Истражувањето покажало дека девојките повеќе симулираат (глумат) оргазам од машките. Меѓу испитаните девојки дури 58% изјавиле дека веќе симулирале оргазам, а на истото истражување кое што било спроведено на машки, само 18% изјавиле дека симулирале оргазам.
Најважниот податок од целото истражување е тоа што дури 60% од девојките изјавиле дека тие симулирале оргазам за да го задржат својот партнер и да го спречат тој да ги изневери. 51% од девојките кои што изјавиле дека досега симулирале оргазам изјавиле и дека се чуствуваат виновни поради тоа, но ја кријат вистината од парнерот за да не дојде до несакани последици.