Најскапите чевли во светот се еден стар модел на Roger Vivier, кој се продаде на аукција за 26.385 долари (20.851 евра).
На аукцијата биле изложени чевли кои биле направени специјално за Elizabeth Taylor и John Lennon, но најскапо се продал моделот кој бил дизајниран за иранската принцеза Soraya во далечната 1962. Сепак , овој модел не е единствениот од кој боли глава. Дизајнерите се борат кој ќе направи поубави и поскапи чевли. Ви ги претставуваме 10 најскапи пара чевли во светот.
CHRISTIAN LOUBOUTIN
На прв поглед овие салонки се обични, но ќе ви се сврти во глава кога ќе ја дознаете цената. Чинат 4.645 долари. Цената е астрономска затоа што се направени од вистинска кожа од алигатор.
GUCCI
Најверојатно никогаш не сте претпоставиле дека ви требаат вакви летни чизми. Изработени се од рачно плетена кожа и чинат 3.750 долари.
GIANMARCO LORENZI
Луксузните италијански чевли секогаш имаат висока цена. Овој пар е полн со кристали во црна и сина боја надополнет со неколку сатенски цветови и чини 3.348 долари.
TABITHA SIMMONS
Чевлите "Евита" се во розева пудра боја со кристали и преубава панделка. Чинат 2.190 долари и се одлични за вашата венчавка.
BALMAN
Овие чизмички се дел од најновата колекција на Balman, пролет/лето 2012. Пример за софистицирани каубојски чизми, ќе ве чинат 2.725 долари.
CHRISTIAN LOUBOUTIN
Овие огнени сандали како што многумина ги нарекуваат, се прогласени за нај секси чевли во Америка. Украсени се со сваровски кристали и за нив ќе треба да издвоите 2.445 долари.
GUCCI
Со овие чевли доволно е да облечете едноставен црн фустан и пак ќе изгледате како "милион долари". А за нив ви требаат само 2.295 долари.
RICK OWEN
Долги, тесни и прекрасно изработени чизмички кои чинат 2.073 долари. И покрај платформата се удобни и одлични за во зима.
JIMMY CHOO
Овие необични кожни сандали украсени со азурни и црни пердуви се апсолутно фантастични. Штета што од цената боли глава - 1.995 долари.
GIUSEPPE ZANOTTI
Сатенски чизмички до глужд прелеани со кристали и со елегантно тенка потпетица. Чинат 1.835 долари.
ROGER VIVIER
И конечно најскапите чевли во светот. Иако се старомодни, овој модел продолжува да се копира од познатите дизајнери кои прават навистина интересни парчиња обувки.
Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ